Драмата што се случи во овие неполни 48 часа беше заради „претходни анти-геј твитови, и коментари што Харт ги имал во своите стендапи пред речиси 10 години.“
Како што ова се развиваше, Харт го објави следното видео во кое се обидува да ја смири топка порачувајќи дека луѓе се менуваат и ова се случило пред речиси 10 години.
Видеото само ја распали атмосферата и стандардно погрешно беше толкувано од он-лајн багрите како дрско одбивање на Харт да се извини за своите зборови.
Следно, луѓето од Академијата му се јавуваат на Харт и од него бараат да се извини или ќе го сменат како водител. Харт се одлучува на втората опција и се откажува од водење на Оскарите 2019. Неговата позиција е дека во минатото се има извинето, објаснето, разјаснето и се што треба за она што сега му се забележува.
Од Академијата се уште немаат претстава кој ќе биде човекот што ќе го замени Харт.