По целиот „ти текнува што збореше пред 10 години“ скандал со Кевин Харт и неговото откажување од водител на Оскарите, американската филмска академија се уште нема најдено човек за церемонијата во февруари.
Видеата направени се исклучиво за Јутјуб каналот на Харт, и правени се со цела сила на серија со која би се гордеела која било водечка американска телевизија.
Некаде пред околу две години, тројцава се возеа низ Лос Анџелес од чисто промотивни причини. Овој пат, од веројатно подеднакво промотивни причини, прават уште еден круг, само возачот е девојка што зема часови за возачка.
Конан О'Браен, Ајс Кјуб и Кевин Харт викаат такси (не она обичното, туку од посебен сервис за заедничко возење), се качуваат во него и со еден куп камери вртат по градот. Ова е резултатот.