Таг: оскари 2019

Оскарот за монтажа 2019 нема да им го простат во скоро време

Доделувањето на Оскарот за монтажа монтиран во истиот стил како и филмот што ја доби годинешната награда. Авторот на клипов објаснува: „Бидејќи сфатив дека Оскарите не се доволно добро монтирани, сето она што го научив за филмска монтажа од годинешниот добитник на Оскар во оваа категорија, Боемска рапсодија, го земав и го употребив за подобрување на овој говор.“

Слабо, многу слабо

Така амбициозно влеговме во годинешните Оскари што на плеќите на минатогодишниот успех надлежниот гатач за Оскари и слични церемонии се осоколи да го предвидува и победникот за најдобар филм. Иако само по себе успех е и што се погодени 10 од 13, крајниот резултат не е ни приближно триумфален како минатогодишните 13 од 13.

Ви ги даваме победниците на Оскарите 2019 еден ден пред сите

Во надеж дека и годинава ќе го репризираме ланскиот успех (13 погодени победници на Оскар од 13 предвидени) или барем приближно (среќни сме и со 11) со вас ја споделуваме дојавата од нашиот оскаровски јасновидец за годината церемонија.

Серијата погрешни одлуки познати како Оскари 2019

Уште пред драмата со Кевин Харт, луѓето кои стојат зад организацијата на Оскарите беа длабоко зацапани во проблеми произлезени од нивни лични одлуки околу годинешното шоу. А и потоа продолжија со истото.

На Кевин Харт му го одземаа водењето Оскари заради „анти-геј вицови“ од пред 10 години

Во средата попладнето Кевин Харт објави дека го избрале да биде водител на Оскарите 2019. Во четвртокот вечерта, беше објавено дека тој се повлекол.