Можеби на чекор сме до светиот грал на секој дебел хомо сапиенс: апче кое ќе му дозволи на човек да јаде што сака и колку сака без да се здебели, бидејќи истражувачи изразија надеж дека конечно го кракнале кодот како да се ждере без тежински последици.
Тајната лежи во еден единствен ген, познат како RCAN1, кој кога им го исклучувале на лабораториските глувци, овие можеле да бутаат енормни количини храна без да добијат на тежина. Ако клинички се направи „квантиниот скок“ од глувците кон луѓето, ете ни нам апче со истата намена.
„Глувците со ослабен RCAN1 имаат зголемено темпо на метаболизам и се отпорни на режим на исхрана која би ги водела кон дебелеење“, заклучува студијата објавена во научниот ЕМБО извештај.
За овој драгоцен ген се утврдило дека е тесно поврзан со веќе познатиот процес наречен „non‐shivering thermogenesis (NST)“ во кој калориите се трошат на топлина наместо да се складираат како сало. НСТ се смета за клучно орудие во битките против дебелината и кога овој ген се вади од равенката, се добива тоа што се сака, калориите да горат наместо да се складираат.
Ефектот е ист дури и со веќе наталоженото сало кое бива претворено од бели масти (оние кои складираат енергија и нè прават дебели) во кафеави масти (оние кои продуцираат топлина и горење на калориите).
Авторите истакнуваат дека постоеле времиња кога RCAN1 имал огромна корисна улога во спречување на непотребното горење на калориите, во долгите периоди на човечката оскудација за храна. Сега модерниот човек има сосема спротивен проблем и таложењето на вишокот му е една од главните причини за прерана смрт.
На научнициве ќе нема утре кој нови глувци да им донесе во лабораторија пошто сите ќе бидат на софра.