Англија како држава и локалните власти даваат сериозни пари за да субвенционираат кирии за економски ранливи семејства кои немаат друго решение освен да бидат потстанари. Проблем е што оние кои илегално доаѓаат со чамчиња преку Ла Манш даваат повеќе. Годишно над 30.000 фунти повеќе за еден стан.
Различни модели на вештачка интелигенција биле прашани кој би бил нивниот најконтроверзен став за луѓето, без разубавување. Биле прашани трипати. Секој модел барем еднаш напишал дека луѓето прво го избираат она во што верува нивната група, а потоа ги измислуваат причините. 8 од 13 го дале овој одговор секој пат а Кими го дал истото мислење сите три пати.
Џаред Кушнер ги негира експлозивните обвинувања дека, додека бил висок советник во Белата куќа во првиот мандат на Трамп, имал пристап до тајни странски банкарски сметки со околу 2 милијарди долари од кралски семејства од Заливот и дека холандската разузнавачка служба го гледала како користи една од нив преку неговиот хакиран Ајфон. Деталите од приказната се мрсни.
Саша Барон Коен на големото платно го враќа еден од своите најпровокативни ликови, помпезниот и лажен англиски „фраер“ Али Џи. „Фактот дека Али Г и денес е проблематичен е причината заради која решив повторно да го оживеам,“ објаснува Коен.
Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“.
Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.
Забраната за извоз на јајца од несилки одгледувани во кафези предизвикува сериозни проблеми во европската прехрамбена индустрија а цената на јајцата достигнува рекордни висини.
Од Вуди Ален до Жижек, сè на сè 290 уметници, мислители, писатели, режисери и останат кулурен крем, во прво лице еднина, било со звук, било со видео. Мезете.
Во САД драстично расте бројот на љубовни двојки кои немаат намера да се венчаат ама имаат потреба меѓусебните оодноси, обрски и имот да ги решат со адвокатски завeрени документи. Ваквата љубов се вика: договор за кохабитација.
Четвртиот син на Гадафи, Ханибал, е крајно разочаран од револуцијата во земјата, која меѓу другите работи го спречи човекот да купи брод со базен за ајкули.
Работата на Виндоус 8 ќе заврши до крајот на летото, а првите компјутери со новиот оперативен систем треба да се појават во октомври, барем така тврдат аналитичарите .
Излезе и годинашниот извештај на PEW центарот за медиумите. 1. Фејсбук и Твитер не се толку влијателни, 2. Медиумите секаде губат пари, освен на интернет, 3. Интернетот продолжува да доминира во раст на публиката.
Булдожерите се подготвени да срамнат со земја спомен на еден многу бизарен дел од американската историја: генерал - штабот кој тамошните фанови на Адолф Хитлер го изградиле за да има човекот каде да дојде откако ќе победи во Втората Светска Војна.
Дури 19 сојузни американски држави им дозволуваат на наставниците да им делат "воспитни" на учениците. Правото на педагошко плескање се користи во случаи на 'тешки облици' на непримерно поведение: фрлање хартија или зборување на час.
Во Италија промените во начинот на живеење довеле до растење на рацете и нозете кај мажот. Но, во последниве 60 години неговиот пенис се смалил за околу 1 сантиметар.
Драстичните резови во јавното здравство на Грција придонесоа во земјата да се вратат болести за кои се веруваше дека се искоренети а бројот на ХИВ позитивните меѓу зависниците да порасне за преку илјада проценти.