Како што наближува 30 годишнината од брзата победа врз Аргентина околу Фолкландските острови, жарот на Британците по овој архипелаг во јужен Атлантик не стивнува.
Дури 61 процент од испитаниците изјавиле дека Фолкландите мора да се бранат по секоја цена. Наспроти нив, само 31 процент мисли дека нивната држава треба да се подготви за преговори за мирно предавање на овој 'реликт од некое друго време'.
Ваквото воинствено мнозинство е распоредено низ сите социјални структури, региони и етницитети. Најсилно упориште има кај конзервативците бидејќи нивната Маргарет Тачер ја предводеше војната, но дури и кај жените, за бескомпромисна одбрана се над половина.
Најмирољубиви се младите. Преговори за предавање на островите фаворизираат 49 проценти од оние родени после конфликтот.
Колку за опис: Скопје е оддалечено од Пекинг само 7.500 километри.