Виста 2 доаѓа во август

Работата на Виндоус 8 ќе заврши до крајот на летото, а првите компјутери со новиот оперативен систем треба да се појават во октомври, барем така тврдат аналитичарите .

Првично, оперативниот систем ќе биде промовиран на уреди со процесори на Интел и АРМ (производител на процесори за мобилни и таблет компјутери). За промоцијата ќе има максимум 5 АРМ уреди, споредено со над 40 машини со Интел процесор.

Октомври е оптимален тајминг за пуштање на новиот ОС, бидејќи со тоа успеваат да ги таргетираат и купувачите за божиќните празници.

"Ако ја пропуштат рамката септември - октомври, ќе заглават и нема да можат да ја направат промоцијата до крајот на 2012-та. Последно нешто што сака Микрософт е за време на празниците да немаат нови таблет компјутери кои ќе се натпреваруваат со новиот Ајпад," објаснува аналитичарот на Гартнер Инк. Мајкл Гартнеберг.

Микрософт дури на почетокот на април се очекува да го соопшти официјалниот датум за лансирање на Виндоус 8.

Инаку, малиот број на АРМ уреди кои ќе бидат пуштени на премиерата се должи на тоа што ова ќе биде прва верзија на Виндоус која ќе работи на АРМ процесори и од Микрософт имаат поставено ригорозни стандарди
за квалитет кои треба да бидат исполнети.

 

20 март 2012 - 10:44