Бродот што Гадафи не го дочека

Четвртиот син на Гадафи, Ханибал, е крајно разочаран од револуцијата во земјата, која меѓу другите работи го спречи човекот да купи брод со базен за ајкули.

Ханибал го нарачал бродот, откако се изнервирал што не можел "од денес за утре" да резервира место во бродовите за крстарење. Бродот, во стил на најголем Џемс Бонд негативец, требало да има и базен за вкупно 6 ајкули. За ајкулите требало да се грижат 4 биолози.

Бродот требало да биде купен од MSC Cruises, по цена од 725 милиони долари и требал да собира до 3.500 патници. Договорот за купување на бродот бил поништен кога падна власта на Гадафи.

Бидејќи во времето на падот на Гадафи бродот бил завршен до пола, компанијата ги промени плановите за негова изградба, пред се ги извади ајкулите, и ќе го адаптира бродот за својата флота. Изградбата треба да биде готова во март 2013-та.

36-годишниот Ханибал Гадафи, моментално е во егзил во Алжир.

20 март 2012 - 12:36