Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Британија со биткоини ќе ја пополнува дупката во буџетот

Соочени со невозможна мисија да пополнат дупка од 20 милијарди фунти во буџетот, британските власти разгледуваат како да ги продадат криптовалутите што полицијата ги запленила од криминални зделки и измами. Експерти ги предупредуваат лабуристите да не ја повторат глупоста на Гордон Браун, кој од државните резерви продаде 400 тони злато кога беше по најниска пазарна цена.

Прво квантно телепортирање преку интернет

Квантна состојба на светлина успешно била телепортирана на далечина од триесетина километри преку вообичаен оптички кабел за интернет, отповарен со бура од сообраќај со пораки, извештаи и клипчиња. Ова е далеку од телепортерот на Скоти од Стартрек или од транспорт на каков било предмет, но дозволува во обичен кабел да се вклучат компјутерите од идната генерација.

Европа полека бега од климатската агенда

Откако САД дефинитивно се повлекоа од Парискиот климатски договор, Европската Унија гордо се претставуваше како глобален лидер во зелената кауза. Не за долго. Комисијата на Урсула фон дер Лајен сега испраќа јасни сигнали дека се откажува од таа улога. Брисел прво ја разлабави границата за емисии на стакленички гасови, а сега крати зелени проекти за да издвои повеќе пари за одбрана.

Тулси Габард тргна по Обама

Директорката на американското разузнавање Тулси Габард побара кривично гонење на поранешниот претседател Барак Обама и на неговите најблиски соработници поради „велепредавнички заговор“ за дискредитирање на изборната победа на Доналд Трамп во 2016 година. Тврди дека дружината на Обама ширела непотврдени разузнавачки процени за руско мешање во изборите.

Тивка револуција се случува во математиката

Она што почна како збир на длабоки претпоставки за поврзување на апстрактните гранки на математиката, еволуираше во просперитетен, мултидисциплинарен напор што се протега од темелите на Теоријата на броеви до границите на квантната физика. Доказот на хипотеза од пред половина век создаде мрежа од идеи што веројатно ќе ја обликуваат областа во годините што доаѓаат.

Цената на вашата авио-карта ќе ја одредува вештачка интелигенција

Американскиот авио-гигант Делта има долгорочна стратегија да ги напушти фиксните цени и да се насочи кон индивидуализирано одредување цени со помош на вештачка интелигенција. Досегашното искуство им било „неверојатно поволно“. Застапник на потрошувачите ја споредува оваа тактика со „хакирање на нашите мозоци“.

Пукнатини во удобниот картел на ЕУ

Фон дер Лајен можеби преживеа, но нејзиниот режим се напрега под притисок од популистите и само е прашање на време е уште едно гласање за недоверба. Ако на крајот биде принудена да се повлече, тоа нема да биде затоа што демократијата одеднаш пристигнала во Брисел. Ќе биде затоа што нејзините колеги-членови на картелот го изгубиле трпението со нејзиното управување со режимот.

Германија ја губи трката во реалната куповна моќ

Растечките трошоци за живот во Германија сè повеќе ја намалуваат реалната куповна моќ на граѓаните и им го прават животот сè поскап. Ако се имаат предвид цените, посиромашни се дури и од Русите, кои водат војна, трпат санкции и имаат висока инфлација. Германските семејства најмногу се оптоварени од зголемувањето на кириите, кои во големите градови поскапеле за 27%. 

Веганското млеко не му е ни до колена на кравјото

Не само што веганското млеко не му е нутритивно еквивалентно на кравјото, туку и растителните суплементи може да предизвикаат токсиколошки проблеми, особено кај малите деца. Препораката од експертите е децата да пијат полномасно или полуобезмастено кравјо млеко. Оние на растителна основа се прифатлива алтернатива само ако се незасладени и збогатени со витамини.

Гугл им зарива нож во грб на медиумите

Пребарувачите и агрегаторите на вести на чело со Гугл направија империи со пренесување и сортирање на авторски новинарски содржини. Сега преминуваат на стратегија што егзистенцијално ги загрозува медиумите – нудат резиме составено со вештачка интелигенција за да обесхрабрат посета на оригиналниот извор на веста. Како курир што ја крие пораката и ја прераскажува.

Психоделични Американски Држави

Администрацијата во Вашингтон е на прагот да ја прифати иницијативата за одобрување на забранетите супстанции како ЛСД и екстази за третман на депресија, траума и други тешки состојби. Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди најави одобрување за 12 месеци. Тексас одобри проект за проучување на моќниот психоделичен ибогаин како третман за зависност од опиоиди.

Шпанија ја претрка Германија како главна дестинација за азиланти

Соборувањето на режимот на Башар ал Асад значително го намали бројот на баратели на азил во Европа. Германија повеќе не е дестинација број еден. Без бегалците од Сирија, ја претркаа Шпанија, Франција и Италија, во кои засолниште бараат лица од Латинска Америка, централна Африка и Средна Азија. Германија, сепак, се уште е европски рекордер според бројот на одобрени барања за азил.

Науката ја потврди исцелителната моќ на супата

Со испитувања, мерења и анализи, науката само го потврди она што одамна е врежано во многу култури, традиции и бабини совети низ светот – супата помага полесно да се оздрави од настинка или грип, па и од ковид. Анализа на десетици илјади записи и тестирања кај стотици доброволци покажале дека дејството на супата е особено ефикасно ако е топла, пилешка и ако е зачинета со лук.

Холандија штеди струја за да ја спаси мрежата

Повеќе од 11.900 бизниси, илјадници нови домови, плус јавни установи како болници и противпожарни станици со години чекаат за да бидат приклучени во енергетската мрежа на Холандија. Системот едноставно нема капацитет да издржи толку големо оптоварување, особено откако беше прекинато производството на огромното гасно поле. Ист проблем ја чека цела Европа.

Нема ни математика ни демократија во буџетот на Урсула за ЕУ

Планот на Урсула фон дер Лајен за буџетот од 2.000 милијарди евра, најголем во историјата на ЕУ предизвика општ хаос. Комесарите во Брисел се жалат дека планот им бил наметнат. Берлин веќе најави дека ќе го отфрли. Експерти предупредуваат дека има дупки во пресметките и дека фалат 300 милијарди... „Никој не знаеше што ќе добие или што ќе плати“, коментира човек вклучен во преговорите.

Втора мајка спасува бебиња од наследни болести

Осум здрави бебиња се родени во Британија со револуционерна процедура на комбинација на генетски материјал од три лица за да се спречи пренесување на наследни болести за кои нема лек. Мајките на овие бебиња имале мутации во митохондриите и имало висок ризик да пренесат генетски нарушувања кај своите деца. Тоа било спречено со додавање митохондрии од друга жена.

Патлиџанот вреска, молците слушаат

Билките и животните мошне веројатно несвесно комуницираат. Научниот тим што откри дека растенијата испуштаат звуци, сега тврди дека тоа го слушаат инсектите и дека ја разбираат пораката. Женските молци, на пример, избегнувале да положуваат јајца на растенија од домати ако испуштале звуци што ги поврзувале со страдање, што укажува дека се дехидрирани и нездрави.

Вистинскиот британски Кју сега пазари по стартапи

Не сте чуле за NSSiF? Не ни требало, затоа што тоа е таен фонд што ги обезбедува модерните гаџети и опремата за агентите од британските разузнавачки агенции GCHQ, МИ5 и шпионската МИ5. Владата во Лондон ќе издвои уште стотици милиони фунти во фондот и ќе го извлече од дебелата сенка, за да го приближи до стартапи што развиваат технолошки иновации за одбраната.

ЕУ-баронеса гледа антисемитизам и во симитите за Газа

Европската координаторка за антисемитизам во ЕУ се жали дека акциите за собирање хуманитарна помош за гладните деца во Газа „ги прават Евреите да се чувствуваат непријатно“ и поттикнуваат омраза. Ја критикуваше дури и акцијата на своите колеги од Брисел, кои во мај самите месеа печива и парите од продажбата ги донираа во фонд за палестинските цивили во Газа.

Бакарот е клучен за Паркинсоновата болест

Хранењето на невроните со бакар драматично помага да се намалат оштетувањата на мозочните клетки, покажува ново истражување спроведено кај лабораториски глувци. За експертите тоа е ветувачки знак дека додавањето бакар во организмот може да биде ефикасен за луѓето што страдаат од Паркинсонова болест, слично на инсулинот или додатоците од железо против анемија.

Како Британија го криеше имејлот од 6 милијарди фунти

Ниту еден имејл во историјата не предизвикал толку голема штета. Кралски маринец случајно испратил список со податоци за 25.000 Авганистанци што им помагале на британските трупи. Кога списокот бил споделен на Фејсбук, британските власти тргнале во две ризични и скапи мисии - да ги извлечат загрозените соработници, а за тоа да не дознаат пратениците и да не писнат медиумите.

Деца гинат во Газа само за да остане Нетанјаху на власт

Шест месеци по почетокот на војната во Газа, Нетанјаху бил спремен да ја запре. Но, го поколебале јастребите во кабинетот, без чија поддршка ќе ја изгубел власта. Од тој момент Нетанјаху наредувал офанзиви, отфрлал примирја и отворил нови фронтови само за да трае војната што е можно подолго, тврди Њујорк тајмс. Резултатот е уништување на Газа и смрт на десетици илјади цивили и деца.

Четбот растурил 30 математички генијалци

Јазичен модел со вештачка интелигенција на ОпенАИ ги оставил вџашени врвните математичари што тајно се состанале за да го тестираат. Без проблем ги решавал сите равенки и задачи што му ги составиле, дури и некои од најтешките проблеми во математиката. Генијалците договориле награда од по 7.500 долари за секоја задача која ботот нема да може да ја реши. Не се опариле многу.