Вести

Германија троши милијарди евра за странци кои не работат

Речиси две третини од корисниците на социјална помош во Германија имаат мигрантско потекло – многумина и откако ќе добијат државјанство. Државата за нив издвојува над 20 милијарди евра годишно и троши многу повеќе за домување, образование и интеграција. Ако веќе примаат помош, АфД бара и да работат, макар и по 15 часа општествено-корисна работа неделно.

Франција гори од токсична улична коалиција

Француската левица полека, но сигурно, му го сврте грбот на „продуктивниот работник“ и влезе во токсична коалиција со наводно угнетените: лути млади, мигранти, бездомници, муслимани. „Посипете малку радикален ислам и овој сојуз од луд станува смртоносен“, пишува Брендан О'Нил.

Златна треска во Полска

Владата на Полска почна кампања со која им нуди високи награди на аматерските трагачи по богатства ако пронајдат вредни историски предмети. Се очекува за детектор за метал и за лопата да се фатат до 200.000 луѓе. Археолози предупредуваат дека златната треска може да предизвика измами и штета од над милијарда евра.

Речник

Русија шири свој „старлинк“ над Украина

Во критично време кога Илон Маск и Доналд Трамп им го ограничија пристапот на украинските сили до системот Starshield, Русија го привиршува комплетирањето на сопствена сателитска мрежа над Украина. Досега лансирала 32 сателити. Кога ќе стигне до 300, ќе може во реално време прецизно да управува дронови и ракети врз целата територија на Украина.

Како Макрон Антоанета ја изневери Франција

Во петокот вечерта, додека Франција се подготвуваше за нови насилни протести кои ја разнишаа земјата, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит беа во ВИП-ложата на концерт на Селин Дион во Нантер. Ова беше еден вид „момент на Макрон-Антоанета“, кој доминираше на социјалните мрежи додека светот гледаше како хаосот се шири низ земјата.

Книгата која Западот одбива да ја прочита

Си Џинпинг, во книга достапна и на англиски, отворено и јасно го опишува владеењето со Кина, историските причини за тоа, предизвиците со кои е соочена Партијата, специфичниот развој наместо имитирање на туѓите модели... Ако ѕирнат во неа, читатели на Западот би ја разбрале Кина, но и би се загрижиле зошто нивните власти не можат да ги препознаат болестите на системот.

Валентајн алтернативи за луѓе во брак

Во пресрет на Св. Валентајн почнуваат старите муабети - де бил католички празник, де била завера на производителите на чоколади и плишани срца, де љубовта не се славела само еден ден. Но има нешто посуштинско во прославувањето на празников, дури и за католиците. Особено ако се работи за прославувањето на брачната љубов.

Лесно и е на Норвешка кога ја има Шведска

Најглупата работа околу веста е што премногу очигледно кажува дека од 1990-та, до денес се минати уште малку па 25 години. Под број два, ова е еден од домашните проблеми што во Скандинавија се решава со странска интервенција.

Делта Форс ја лови Ал-Каеда во Либија

Вашингтон Пост го објави видеото од апсењето на Анас Ал-либи, извршено од Делта специјалните единици, сред Триполи, Либија.

Колку е голем Гугл

Не се минати ни 20 години од моментот кога прв пат се среќаваат Лари Пејџ и Сергеј Брин. Едниот има 22, а другиот 21 година. 1996-та почнуваат да работат на пребарувачот BackRub, нешто што следната година ќе го преименуваат во Гугл.

Дали се претера со војната против пушењето

Од борба против пушење, сега целата работа се претвори во стигматизирање и изолирање на пушачите по сите можни основи. И сите се против нив.

Два пати мери, еднаш ентер

Настрана сите локални заебанции што ги имаме со преценетоста на Алекса или пак со Гемиус кои никако да ја објаснат својата методологија и АПП (ако пројде - пројде) цена, мерењето на онлајн посетеноста и читаноста и онака е ѓаволски зезната работа. Еве зошто.

Esurance ги даде милион и пол долари

Компанија за осигурување реши да не се рекламира на Супер Боул и 1,5 милиони долари што ги заштеди да му ги даде како награда на еден Твитер корисник. Се што требаше да се направи е да твитнеш на #EsuranceSave30.

Кој е ќарот од бесплатното порно

Најразличните порно "tube" сајтови се толку добри во собирање и обработување на податоците што ги добиваат од сурфањето на своите посетители, што годишно успеваат околу 10% од публиката да ја натераат да почне да плаќа за порно.

Деца што ќе го упропастат пиењето

Во тинејџерскиот дел од интернетов и социјалните мрежи се појави нешто што се вика #NekNominations - игра во која твоите другари те номинираат да пиеш алкохол во бизарни околности, додека тие сето тоа го снимаат за да го стават на интернет. До сега неколкумина имаат умрено од ова.

Швајцарија, скоро па слободно

Тенко, најтенко, Швајцарците на референдум сепак порачаа дека сакаат да воведат лимити на бројот на дојденците во нивната земја. Владата ќе има доста работи да му објаснува на Брисел.

Босна, ден потоа

Низ селфи видеото и селфи паметот на Дамир Никшиќ, една позитивна градска лепенка која се занимава со сешто (нагалено: концептуален уметник).

Реално шоу махт фрај

Додека јавноста е шокирана од девојката која во реално шоу изгуби 60 проценти од својата тежина, поранешен учесник во популарното шоу во кое победува оној кој ќе изгуби најмногу килограми проговори како е навистина да се биде во едно такво шоу: "Исто како во затвор, само што сите цимери се дебели"

Затоа не се купува рано

Да беше произведен во 1991- ва година, денешниот Ајфон ќе чинеше 3,5 милиони долари. Еве ја математиката:

Пуси Рајот се откажа од Надја и Маша

Двете ослободени членки на Пуси Рајот наголемо ја крстарат Америка. Беа кај Колберт, на концерт на Амнести беа најавени од Мадона, даваат интервјуа, ги има насекаде. Назад во нивната Русија, матичната група соопшти дека тие две веќе не се во Пуси Рајот.

Зошто Русите нема да ви се насмевнат во Сочи

Британскиот новинар Ед Леи оди во Сочи за да ја пренесува зимската Олимпијада. Таму забележува дека ниту еден Русин не возвраќа на неговите насмевки. Збунет, ги распрашува локалците зошто така? Го добива следниот одговор: "Во Русија само два типа на луѓе се смеат: идиоти и богаташи - а богаташите не одат по улица."

Фора од предизборните

Републиканската партија пушти најмалку 16 сајтови за демократските кандидати за претстојните избори за Конгресот. Одлично средени сајтови за секој од противничките кандидати, се додека не почнеш да читаш што пишува.

Што се случува во Тузла?

Гневни од непотизмот при вработувањата, работници од Тузла излегоа на протести на улица и пред Владата. По пат им се придружија и невработените, студенти и членови на организациите на борци. Неколку видеа од судирите во градот. Денес, на третиот ден од протестите тие упаднаа во владата.

Американски филмови што ги извадија парите во странство

Холивудските студија се крстеа во американската кино-благајна околу тоа колку пари ќе заработи нивниот филм. Меѓутоа со тек на време почнаа да ги забележуваат и парите од странство. Во 2013-та странските кино-благајни спасија дузина филмови кои комплетно пропаднаа во САД.

Мисиците што си го шијат јазикот

БиБиСи го емитуваше документарецот "Extreme Beauty Queens" во кој една британска манекенка (Billie JD Porter) како водителка оди во Венецуела за да види таму што прават нејзините колешки. Насловот на документарецот е сосема легитимен.

Како човек преживеа 14 месеци изгубен на море

По повеќе од една година изгубен низ Пацифичкиот океан, рибар од Салвадор, Хозе Салвадор Алваренга, успева со својот чамец да се насука на Маршалските острови. Асошиејтед Прес интервјуира професор по медицина од Универзитетот Дјук, за тоа дали е физички возможна авантурата и приказната на изгубениот рибарот.

Народот бара тројки

Група социолози, експерти за демографија, компјутерџии и експерти за математика, решава повторно да си ја направи работата интересна и започнуваат проект во кој ќе ги следат онлајн порно навиките и кој што пребарува.

Кинеската индустрија на швалерки

Нема никаков извоз и целото производство е за локален пазар, а вработува се што е женско, згодно и образовано. Да нема забуна, не е официјална индустрија.

Зошто мажите имаат брада

Брадата е доста скап начин на кој еден маж сака да покаже колку е подготвен и компетитивен, бидејќи во случај на тепачка тој ризикува лесно да биде фатен за брада од своите ривали. Па така маж со целосна брада ја разгласува самодоверба во сопствената подготвеност: односно верува дека може да го победи својот ривал дури и со "хендикепот" имање брада.

Не е кашмир се што е меко

Карабинерите уапсија 14 луѓе и запленија над милион парчиња облека, затоа што била продавана како кашмир а всушност е направена или содржела крзно од стаорци.