Делта Форс ја лови Ал-Каеда во Либија

Вашингтон Пост го објави видеото од апсењето на Анас Ал-либи, извршено од Делта специјалните единици, сред Триполи, Либија.

Видеото е сосема случајно снимено од една камера за надзор. Во акцијата американските специјалци со неколку комбиња го блокираат автомобилот на Ал-Либи, го вадат од него, го фрлаат во комбе и под полн гас заминуваат од таму. Од тука Анас Ал-Либи е префрлен во либиска воена база, а од таму на воениот брод USS San Antonio, кој чекал во Медитеранот.

Ал-Либи (полно име Назих Абдул-Хамед ал-Рукаи) го чека судење во Њујорк за вмешаноста во бомбашките напади на американските амбасади во Кенија и Танзанија од 1998-ма. Него го бараат во изминатите 13 години.

Она што е чудно околу целата акцијата е вклученоста на американската армија, бидејќи во минатото ваквите акции ЦИА обично го спроведува во соработка со странски партнери. Инаку Ал-Рукаи прв пат се бори со бунтовниците во Авганистан против СССР, кога е ранет во нога. Во 1992-ра тој оди во Картум, Судан, каде работи со Бин Ладен.

Неговиот адвокат објаснува дека Ал-Рукаи никогаш не се заколнал на верност кон Осама, како и тоа дека тој излегол од сите планови и активности на Ал-Каеда за Источна Африка уште 4 години пред нападите.

 

11 февруари 2014 - 21:54