
Главен лик во документарецот е Мајер (кратко од Вилмајерин), девојка од гетата на Каракас која работи во колонијалот на своите родители и се надева дека ќе победи на изборот за Мис Венецуела.
Нејзиното семејство има собрано околу 10.000 долари за таа да може да ги направи сите потребни операции што ќе и помогнат во изборот. Под потребна ремонт влегуваат:
- зголемување на гради
- операција на нос
- шиење пластична мрежа на нејзиниот јазик што го отежнува јадењето на цврста храна и го забрзува слабеењето.
"Инспирацијата" за слабеењето и подобрувањето на Мајер (и останатите учеснички) доаѓа од претседателот на Мис Венецуела, Осмел Соуса. Кој личи на 70-годишна тетка, со многу пластика и третмани на себе.
Во документарецот Соуса и се сска на водителката, дека треба да си ги поправи забите, да ги отстрани бемките и флеките на лицето, и да се префарба во блондинка. Тој исто така и објаснува дека нејзините 54 килограми се проблем.
Што се однесува до Мајер, таа влегува во топ 5-те во финалето и на крај завршува како прва придружничка, што според нејзината реакција е доволно за да успее во Венецуела.