Еве дел од тоа што Гугл купи во изминатите неколку години:
5. Андроид
Купен: август, 2005-та, за 15 милион долари. Бесплатен оперативен систем кој моментално го има на се' од телефони и таблет уреди, до фотоапарати и фрижидери. Од 261 милион продадени смартфони во 2013-та, 211 милиони се на Андроид.
4. ЈуТјуб
Купен: декември, 2006-та, за 1,6 милијарди долари. Моментално на ЈуТјуб има повеќе пребарувања отколку на Бинг, Јаху и Аск заедно. Единствен пребарувач кој е повеќе користен од ЈуТјуб е пребарувачот на Гугл. На сервисот, секоја минута се аплоудираат по 72 часа видео материјали, што е еднакво на една деценија видео материјали во текот на еден ден, а во текот на еден месец се прегледуваат 4 милијарди часови видео материјали.
3. Моторола Мобилити
Купен: август, 2011-та, за 12,5 милијарди долари. Гугл ја продаде компанијата на Леново за речиси 3 милијарди долари, меѓутоа ги задржа најголемиот дел од патентите што таа ги поседуваше. Веројатно ќе му требаат за одбрана на Андроид по судови и за парници со Епл или другите конкуренти.
2. Бостон Дајнамикс
Купен: декември, 2013-та (сума непозната). Со ова Гугл поседува една од најнапредните технологии за роботи на Земјата. Во меѓувреме купи и дузина помали компании кои се занимаваат со роботика.
1. Нест
Купен: јануари, 2014-та, за 3,2 милијарди долари. Ова е една од технологиите во која до полн израз би дошле производи на Гугл како Андроид или Google Now.
Освен ова, годинава Гугл за прв пат купи компанија која се занимава со вештачка интелигенција. Исто така купи еден од првите (и прилично рудиментирани) комерцијално достапен квантен компјутер, на кој работат заедно со НАСА. Во последното поголемо соопштение тие ги објавија своите специјални контактни леќи, кои ќе им помогнат на дијабетичари да го контролираат нивото на шеќер.