Оваа теорија доаѓа од книгата The Handicap Principle, на изралската докторка Авишаг Захави и нејзиниот сопруг, еволуцискиот биолог Амотз Захави, објавена во 1997-ма.
Бради и здравје
По слична логика, биолозите Вилијам Хамилтон и Марлен Зук во студија објавена во Сајанс магазинот во 1982-ра, тврдат дека мажите со бради го промовираат сопствениот здрав имунитетен систем, односно неговата издржливост. (Брадите како и сите други влакна, се познати како добро место за размножување на паразити).
Бради и заштита
Веќе неколку децении преовладува мислењето дека брадата може да игра улога во регулирање на телесната температура и во заштитата од сончевата радијација. Оваа теорија доаѓа од дерматолозите Валери Рандал и Еблинг, кои покажале дека во летните месеци брадите на мажите им растат 50 до 60 проценти побрзо отколку на зима.
Брада и перцепција
- Агресивност
Во истражување од 2012-та објавено во журналот Behavioral Ecology, учествуваат луѓе од европско или самоанско потекло со полна брада. Тие се фотографирани со брада и тасма избричени, додека на лицето имаат неутрален, среќен или гневен израз.
Потоа "гневната" верзија на сликите им била покажана на над 200 мажи (Самоанци и Европјани), кои требало да одредат колку ликовите на сликите се физички агресивни. Луѓето и од двете култури ги оцениле мажите со брада како далеку поагресивни отколку оние кои биле бричени.
Исти резултати имала и студија од 2008-ма, во која жените ја оценувале агресивноста.
- Статус
Во истото истражување од Behavioral Ecology, била рангирана и перцепцијата за социјалниот статус на мажите со брада и без. Низ целата анализа, без разлика кој одговара (дали маж или жена, самоанец или белец) мажите со брада добивале повисоки оценки за нивниот статус.
- Години
Адолесцентите и без истражување знаат дека брада од неколку денови ги прави далеку повозрасни и помажествени отколку кога се клот без ниту едно влакно. Истата студија од претходните две ставки покажа дека овие ефекти не се губат ниту подоцна во животот.
- Жени
Неспоредливо многу повеќе жените сакаат бричени мажи отколку мажи со полна брада. (п.с. нема потреба ова да ни го повторувате, верувајте дека пред вас и на друга и текнало да ни го каже и го имаме чуено.)