Аргументот за носење брада зимно време е дека ти држи топло на лицето, а уште поголем ефект има ако е во комплет со џигерица па комплетно да си забарикадиран (п.с. и за летно време имаме аргумент).
Прво истражување, во брадите открива траги од бактерии кои обично се наоѓаат во фекалии. Второ истражување, малку посериозно и спроведено од американска болница врз своите вработени (бидејќи тие многу повеќе се во контакт со бактерии од кој било друг) доаѓа до сосема спротивни резултати.
И покрај тоа што веќе 2 години сите ја прогласуваат за "мртва" по најразлични основи, брадата (комплетна, не оние линивките и сл.) и понатаму останува тренд успевајќи да надживее добар дел од своите претходници во изминатите 20 години.
Веројатно децата се единствени луѓе што нема да те испрашаат и да ти направат инстант психо-тест за тоа што си пуштил брада. Барем додека се прцули. Ама затоа оди објасни им дека си истиот човек кога ќе ја избричиш.
Во муабетите околу ликот и делото на Кончита Вурст сигурно имаше елементи и на хомофобија и на трансфобија. Но кога сè ќе се сведе, неговата/нејзината сексуалната ориентација и „вистинска" полова припадност всушност беа второстепени. И претходно имаше трансвестит на Евровизија, па никој не крена толкава џева. Целата разлика овој пат ја направи - брадата.
До жените, стрпете се, ова со брадиве ќе потрае уште кратко време, ама после пак сите ќе фатат бричовите во рака. До мажите, тоа што имате брада во моментов воопшто не ве прави уникатни, сите имаат, дури и банкари.
Целата њујоршка хипстерана која по некоја основа е хендикепирана на тема имање брада како маж, најде решение за својот проблем во форма на 7.000 долари.
Брадата е доста скап начин на кој еден маж сака да покаже колку е подготвен и компетитивен, бидејќи во случај на тепачка тој ризикува лесно да биде фатен за брада од своите ривали. Па така маж со целосна брада ја разгласува самодоверба во сопствената подготвеност: односно верува дека може да го победи својот ривал дури и со "хендикепот" имање брада.
Откако одговорниот за односи со јавност на Белата Куќа, Џеј Карни, на првата прес конференција за годинава се појави со брада, по што Њујорк Тајмс објави дека брадата станала меинстрим, GQ и официјално прогласи дека брадата повеќе не е кул.
Фотографот Џозеф Лири речиси цела година во своето студио фотографира мажи со брада (и со не толку многу брада). Секој од нив пред доаѓање е замолен да донесе и неколку различни облеки и додатоци "кои него го дефинираат професионално, лично и духовно."
Брадата е еден благороден израсток на машкото лице, кој историски асоцира на востаници и одметници, а современо на наши драги пријатели и домашни. Како поддршка на нивните напори за небричење, и критика на секој обид за интервенција во оваа смисла, еве една фото серија, која отсликува една цела „брадеста" подкултура.
Кога се зборува за брада, ако ги прашуваш жените, помеѓу тазе муџахедин, сериозен војвода и Гандалф, секогаш најдобро е да изгледаш како Рајан Гослинг.