Во втората студија се следат 408 вработени со и без брада, и според резултатите најдени се повеќе бактерии на лицето кај мажите кои редовно се бричеле, а не кај овие со брадите.
Без брадестите било 3 пати поверојатно на своите тазе отпорни образи да имаат стафилокока ауреус отпорна на метицилин. Оваа бактерија е еден од најчестите и најпроблематичните извори на зарази што може да се префатат во болници, бидејќи е отпорна на голем број антибиотици.
Едно од објаснувањето на истражувачите е дека бричењето предизвикува микро-нагризување на кожата заради што префаќањето на овие бактерии е далеку поверојатно.
Др. Адам Робертс, микробиолог од Универзитетскиот колеџ во Лондон, зема неколку примероци од бради и на нив почнува да одгледува над 100 различни видови бактерии. Меѓу оние кои успева да ги одгледа се и бактерии кои се наоѓаат во тенкото црево, меѓутоа тој објаснува дека тоа не мора да значи дека тие потекнуваат од фекалии и дека ваквите резултати не треба да вадат од памет.
Она што Робертс забележува е дека во неколку садови, нешто ги убива штетните бактерии. Тој ја идентификува бактеријата од брадата која ги убива штетните бактерии како стафилокока епидермидис. Кога ја тестира оваа бактерија против посебно отпорната на лекарства ешерихија коли, таа безмилосно го убива штетникот.
Докторот не очекува дека оваа бактерија во скоро време ќе биде изолирана и ќе се користи како лек, меѓутоа задоволен е што гледа некаква алтернатива на постојаното клукање со лекови по најразлични основи.
Дечките од сликите