Хуманитарна фото серија

Субкултурата на брадестите

Брадата е еден благороден израсток на машкото лице, кој историски асоцира на востаници и одметници, а современо на наши драги пријатели и домашни. Како поддршка на нивните напори за небричење, и критика на секој обид за интервенција во оваа смисла, еве една фото серија, која отсликува една цела „брадеста" подкултура.

Непрофитната книга на Џастин Џејмс Муир, „Книга на брадите", се состои од серија фотографии направени во Западен Честер, Пенсилванија, кој е познат по храбрата култура на бради, која ѝ се спротивставува на инаку прилично „уредната" атмосфера на мејнстрим културата во овој град.

Поводот да ја направи книгата била болеста на негов пријател, кому му бил дијагностициран рак на тестиси. Со оглед на тоа што Мајк немал здравствено осигурување, Муир одлучил да ја самообјави книгата и на тој начин да собере пари за лекувањето. Во моментов Мајк е во одлична форма, а книгата се продала многу над очекуваното, и тоа само преку сајтот на фотографот.

„Направив околу 150 портрети од кои 86 влегоа во книгата. Ми беше потребна нешто над една година да го завршам проектот. Во моментов повторно посетувам некои од луѓето и ги сликам во малку поинаков стил, па ќе видам што ќе излезе од тоа", изјавил авторот.

Освен книгата Џастин има изработено и различни производи (перничиња, футроли за ајпод и лаптоп и маици) со фотографиите, кои исто така се продаваат онлајн

 

 

* посветено на брадата на Јурук

5 јуни 2013 - 12:12