
Анализирајќи која должина на брада е најпривлечна, истражувачите заклучуваат дека магичната комбинација е брада од 10 дена.
"Истражувачите фотографирале 10 мажи низ 4 фази на растење брада: тазе бричен, брада од 5 дена, брада од 10 дена и комплетна брада. По ова 351 жена и 177 хетеросексуални мажи ги разгледувале фотографиите и требало секое лице да го оценат според привлечноста, мажественоста, здравјето и способноста да бидат родители."
За жените најпривлечни биле мажите со брада од 10 дена. Тазе бричените минале речиси исто како луѓето со цела брада, во категориите здравје и привлечност, меѓутоа овие од втората категорија, ги сметале за подобри родители. Најслаби оценки во сите категории добила брадата од 5 дена.
Според истражувачите, причината за лошите оценки на брадата од 5 дена е што таа е премногу ретка и не го доловува комплетно ефектот на мажественост, додека оние со цела брада оставаат впечаток на мачо агресивност.