Претседателот на Генчлербирлиги им забранува на фудбалерите да носат брада и сите кои нема да го почитуваа новото правило ќе бидат казнети со 20.000 лири (7.150 евра).
Тој за лоши примери ги посочи тренерот на Бешикташ, Славен Билиќ и фудбалерот Олкаи Сахан, потоа голманот на Фенербахче Волкан Демирел и играчот од средниот ред на Галатасарај, Инан Селкун.
„Јас имам 80 години и се бричам секој ден. Што е ова, исламско школо? Спортисти сте, треба да бидете пример за младите“, изјави Илхан Кавкав.
Тој побарал од претседателот на турската фудбалска федерација оваа забрана да се воведе на национално ниво, но добил одговор дека УЕФА не би го дозволила тоа. Кавкав рече дека му било смачено од УЕФА и дека посакува на друго место да се игра фудбал.
Првиот човек на Генчлербирлиги не е прв кој воведува вакви рестрикции. Фудбалерот на Реал Мадрид, Фернандо Редондо го пропушти Мундијалот во 1998 бидејќи не го послуша селекторот на Аргентина, Даниел Пасарела да ја скрати косата.
Инаку Илхан Кавкав има бркови.