Арда Челик е играч на Генчлербирлиги, генерација 2005-та, а снимкава е од мечот против Бешикташ. Каков е овој потег на играч кој допрва треба да гради кариера и да биде пример за помладите? Комедија, ама и мизерија.
На мечот Генчлербирлиги - Ризеспор се случил исто голем циркус како со голманот на Челси. Камерунскиот шпиц Леонард Квеуке влегол во жестока караница со тренерот Караман околу изведувачот на пеналот. Квеуке решава да шутира и израмнува на 2-2, ѓаволски го пцуе тренерот, а после во 92’ минута носи победа од 2-3 со еврогол и се расплакува.
По 12 минути игра на мечот меѓу Генчлербирлиги и Сиваспор сите занемеа, бидејќи падна гол кој ќе биде еден од кандидатите за најубав на сезоната во Турција. Го постигна Црногорецот Петар Шкулетиќ. Приемот му беше Л У Д И Л О.