Тоа е Илхак Кавкав, роден 1935 година кој веројатно само смртта може да го раздели со Генчлербирлиги. За време на неговата претседателска функција во турскиот тим има сменето 51 тренер.
Ѕампарини од Палермо може вода да му носи бидејќи застана на 44. Само оваа година Илхак смени пет тренери, а последниот издржа дури еден натпревар кој го загуби со 2:0 на гости и остана тренер само шест дена.
Тоа е Јилмаз Вурал за кој медиумите пишуваат дека бил разрешен поради тоа што барал засилувања во јануарскиот преоден рок, а 80 годишниот Илхак се налутил и го шутнал. Инаку договорот кој го потпишале бил на 18 месеци.
Генчлербирлиги по 17 кола има освоено 13 бода и се наоѓа на 16-та позиција.
Инаку стариот најави казни од по 20.000 лири за тој што нема да се бричи во тимот, а тој носи брада.