Секогаш кога во машката мода ќе се појави брада тоа е најверојатно инспирирано од дарвиновата селекција, бидејќи и брадата и средениот изглед стануваат попривлечни кога се малцинство. Во моментот кога ќе се постигне "пикот во носењето брада," кругот се затвора и ќе започне нова ера на чист и избричен изглед.
Според студијата објавена во Royal Society journal Biology Letters, ваквиот шаблон на однесување одговара на еволуцискиот феномен "сексуален избор на основа на негативна фреквенстност," што во превод значи - предност на ретките карактеристики.
"Луѓето ќе почнат да ги копираат Џорџ Клуни и Жоаким Феникс, и ќе почнат да ги носат овие бради, ама тогаш се повеќе и повеќе луѓе почнуваат да ги ја следат оваа мода, со што автоматски се намалува вредноста на самиот тренд. Заради ова ние веројатно сме го достигнале 'пикот на носење брада'," објаснуваат авторите на студијата.
Брадата го достигна "пикот" кога стана тренд во професии кои природно не се поврзуваат со несредениот изглед - банкари, филмски ѕвезди, фудбалери.
Во последната студија на околу 1.700 луѓе (1.500 жени, 200 мажи) поделени во три групи им се покажани различни примероци на машко лице. Кај првата група најголемиот дел од мажите имаат полна брада, кај втората мнозинството од мажите на сликите се избричени, а кај третата било микс од - тасма, малку брада, брада од 10 дена и полна брада.
И за мажите и за жените, најатрактивни биле мажите со полна брада, ама само кога биле во најмал број на покажаните слики. Истото важело и за избричените мажи кога биле во комбинација со слики од брадести мажи.
"Знаеме дека брадите минуваат низ циклуси. Луѓето зборуваат за циклус од 30 години. Има една студија во која се анализираат мажи од 1871-ва до 1972-ра. Бакенбардите се претвораат во мустаќи, кои пак завршуваат со полна брада.
Во 70-те популарни се тенките мустаќи, во 80-те владее дебелиот мустаќ, за во 90-те на ред да дојдат комплетно избричените мажи. Сега на ред се вратија полните големи бради," анализираат истражувачите, според кои денешниот бум ги влече корените од финансиската криза во 2008-ма, слично како што нивната популарност расте по кризата на Вол Стрит во 1920-те.