Историски брадите следат одредени ери. Со крајот на владеењето на династијата Тјудор, веднаш доаѓа и крајот на полната брада, која е заменета со тенки мустаќи и шпицеста брада кои ја воведува династијата Стјуарт. И во времето на двете династии брадата претставува знак за машката плодност и либидо, а една од најголемите навреди во времето на Тјудор династијата е да повлечеш маж за брада.
Пресвртот е и од Георгијанската ера, кога мажите се бричени, во Викторијанската ера, кога пак се враќа брадата, и тоа по принцип колку поголема толку подобра. Во георгијанско доба придонес кон бричењето имаат и производителите на жилети и на парфеми, кои промовираат најразлични производи за хигиена на мажи.
Во 19-от век докторите ги поттикнуваат мажите да пуштаат брада како заштита од бацили, и се верува дека брадата ги спречува штетните супстанци да стигаат до устата или грлото, и ги заштитува забите. Во овој период, способноста да пуштиш брада се гледа и како знак за добро здравје, а ретките (мовести) бради претставувале симптом за телесна слабост.
"Во време на страв од 'омекнување' и посебно од ефектите на француските навики врз британските мажи, способноста да владееш со жилет претставувало знак на контрола и вештина, и покрај фактот дека избриченото лице е пофеминизирано на изглед. Бричењето исто така го отвара лицето, што може да се сфати и како симбол за отвореност кон нови идеи. Сепак, тука (во Георгијанска ера) недостатокот на влакна на лицето се смета за идеал.
Еден век подоцна има друга промена. Викторијанските мажи ги сметаат своите бради за знак на авторитетот на мажот над природата, а со тоа и над жената. Само мажите, сметаат тие, еволуирале да можат да израснат брада, и тој моќен приказ едноставно го засилува фактот дека мажите се супериорни.
Исто така ова се случува во време кога мажественоста е под закана, и тоа од новите предизвици на рапидната индустријализација и од се поголемиот притисок за давање повеќе права на жените. Брадата станува еден од фронтовите: видлив симбол со кој мажите се обидуваат да го наметнат својот авторитет.
Која е основната причина за сегашниот тренд на бради можеби е тешко да се процени. Можеби мажите некако се чувствуваат загрозени од ерозијата на традиционалните машки улоги, и постојаното замаглување на границите меѓу половите во модерниот живот. Која и да е причинат, брадите и мустаќите секогаш беа, и секогаш ќе бидат поврзани со тоа како мажите се гледаат себе си, меѓутоа и како сакаат да им се претстават на други. Далеку од ексцентрична нус-појава на историјата, тие имаат важна улога во променливата природа на мажественоста низ историјата," пишува за Конверзејшн, Алун Вајти.