Таг: мажи

Мажите не плачат?

Западната социјална конвенција за тоа дека солзите и машкоста не одат заедно се проширила на исток во комплет со колонијализмот и империјализмот. Парадоксално, притоа станала алатка против истиот тој колонијализам.

Maсакрот кој довел до тоа мажите на еден мал остров да имаат свој јазик

Една британска експедиција од 19 век довела до истребување на сите мажи од мал остров во Микронезија. По заминувањето на бродот назад во татковината, мал број англиски морнари останале на него и создале дијалект кој децата и жените го разбираат, но самите не го зборуваат.

Задолжителен водич за мажи што носат одела

Неофицијалниот совет е од водителот Стив Харви, кој има разработено цела филозофија околу оделата, и според нејзе првото одело на секој маж треба да биде црна боја.

Што ги мачи мажите?

Проблемите со кои жените секојдневно се соочуваат во секоја сфера на животот не се решаваат „муњевитом брзином“, уште се мачиме. Но, заради природата на жените и општествените норми, се зборува за нив, добиваат медиумско внимание и постојат легитимни и нелегитимни организации што се обидуваат да ги направат видливи. За мажите, не баш.

Хадака мацури: јaпонската прослава на голотијата

Секоја трета сабота во февруари во јужниот дел на островот Хоншу се одржува фестивал на кој се собираат и до 10.000 (речиси) голи мажи. После него во Јапонија доаѓа пролетта.

Мажи на нервна база почнаа да се боцкаат со ботокс

Судирот меѓу внатрешната опуштеност и релаксираност како човек, и надворешната намќорестост пред колеги и општо во работна средина, се повеќе мажи почнале да го решаваат со ботокс.

„Витезот“ (Chevalier, 2016)

Каков филм да претставиме после избори, ако не таков во кој се работи за еден многу важен избор - кој е најдобриот маж.

Мажи од сите земји, покажете Zero Fucks Given

„Мажите кои одат по својот пат“ (МКОПСП) е движење кое ја промовира модерната машката сувереност. „Тоа е манифестација на еден збор - НЕ!“. Тие одбиваат да коленичат и да служат, да се прилагодуваат на општествените очекувања на тоа што значи да си „маж“, а истовремено да бидат третирани како потрошна стока. Самосвесниот маж се обидува да живее согласно своите интереси, во свет кој го спречува да го прави тоа.

Новооткриен водич за машко здравје на Волт Витман

Прирачник во кој славниот американски поет се занимава со сè поврзано со машкоста, од потенција до „грижа за стапалата", е откриен неодамна, 150 години по неговото прво објавување под псевдоним.

Мажи, нека биде лабаво

Темата е машка долна облека и како таа влијае на бројот на сперматозоиди. Општоприфатениот став е дека високата температурата не влијае добро на бројноста. Дилемата е дали да се носат тесни или широки гаќи.

Горди и безработни мажи

Не како резултат на моментални финансиски кризи и рецесии туку на подлабоки општествени промени, во подем е една нова категорија на мажи, мажи што не работат.

Не можеш да усрамиш маж за тоа што е дебел

Во 2010-та кога таблоидите извадија фотографии од Жерар Батлер, начекан во неговата пост-спартанска фаза (беа минати неколку години од премиерата на 300), предвидувањата беа дека конечно е дојдено време кога и машките ѕвезди ќе треба да ги исполнуваат неверојатните стандарди за изглед како и нивните колешки. Ова не се случи.

Мажи, овие ни пукаат сеир

Луи Ц.К. пред некое време заклучи дека статистички мажот е најголемата закана по животот и здравјето на жената (глобално и историски) "ако си машко, пробај да замислиш дека можеш да одиш на состаноци само со пола-мечка пола лав." Ако ви беше нејасно, еве како им изгледаме на жените кога им се сукаме.

Зошто мажите имаат брада

Брадата е доста скап начин на кој еден маж сака да покаже колку е подготвен и компетитивен, бидејќи во случај на тепачка тој ризикува лесно да биде фатен за брада од своите ривали. Па така маж со целосна брада ја разгласува самодоверба во сопствената подготвеност: односно верува дека може да го победи својот ривал дури и со "хендикепот" имање брада.

Правила за машка мода

Како за мажи нема многу да се замара со детали. Шест категории се: маички, сандали, очила, часовник, бермуди, кошули. Советите генерално се: да, не и аман немој.

Дали „убавите круши свињите ги јадат“?

Да речеме дека дека сите се хетеросексуални и во моногамни бракови, дека има ист број на мажи и жени, дека нивната стапка на стапување во брак е иста, дека има ист процент привлечни жени како и мажи, и дека стапката на стапување во брак на привлечните луѓе од секој пол е иста.

Мустаќот е институција

Со блага грижа на совест дека во светот повеќе се крева џева за правата и благосостојбата на жените, денес, на 1. ноември, решивме постов да го посветиме на мажите и нивните мустаќи, а сè за добробит и на друг значаен дел од нивното тело.

Момчиња и колачиња

Има денови кога мислите дека на интернет нема ништо интересно. И тогаш колега ви го праќа следниов линк...

Корејски принцези

Минатата година во Јужна Кореја се потрошени 495 милиони долари на производи за нега на кожата - за мажи.

Сè помал се тресе во ладна вода

Во Италија промените во начинот на живеење довеле до растење на рацете и нозете кај мажот. Но, во последниве 60 години неговиот пенис се смалил за околу 1 сантиметар.