
Зошто црна, а не лаванда, циклама, праска или што и да е?
Затоа што со црно одело можеш да „одиш во црква, на погреб, на свадба, на годишница, на интервју за работа.“
Инаку неговата оптимална препорака за мажите е да имаат:
- пет одела и тоа строго следните бои: црно, морнарско сино, сиво, кафеаво и тен (светло / песочно кафеаво)
- шест кошули: две бели, две крем и две светло сини.
„Со овие можеш да направиш 75 различни комбинации, затоа што секои од пантолоните одговараат со секое од сакоата, и обратно.
Не можеш да згрешиш,“ објаснува Харви.
Кога на ова ќе додадеш неколку различни вратоврски и чевли (и тука се почнува со црни, па кафени), комбинациите експоненционално растат.