Наместо ова менувањето на тежината кај актерите како Батлер, или ДиКаприо, се смета "за дел од исклучително машката слобода да не им биде гајле за нивниот изглед." Во случајот со ДиКаприо (кој деновиве беше фотографиран на Бора Бора со девојка му, па почнаа да му наоѓаат забелешки дека се здебелил), оваа слобода се огледува и во други аспекти на неговиот имиџ: широки пантолони, пуштање брада само околу устата, и еден негов скорешен настап како публика на Коачела фестивалот.
Без разлика кој актер и да го фатиш со вишок килограми и без разлика на колку насловни страни го објавиш, на крај никој од нив нема да ти изреагира за ова.
"Никој од овие мажи нема да го прекине својот молк и да зборува за емоционалното страдање предизвикано од сликата во медиумите, како што женските ѕвезди тоа често го прават. За славните жени здебелувањето се уште е некој вид морален неуспех...
За ДиКаприо, неколку екстра килограми се споредни на неговиот идентитет, ништо повеќе од ужасните маички што ги носи или капчето. За жените, да речеме како Џесика Симпсон, да те фотографираат со вишок килограми е толку понижувачко и интимно, што нужно бара 'патот до слабеењето' да биде разговаран на каучот на некое ток-шоу," пишува Кет Стофел за Њујорк Магазин.