
Оваа сума не опфаќа само креми за лице, туку и комплетна шминка, од пудра до молив за очи и кармин. Годинава, потрошувачката се очекува да достигне до 885 милиони долари.
"Чистото и средено лице те прави да изгледаш софистициран и создава слика дека ти можеш да се грижиш за себе. Изгледот е важен, па кога носам шминка во посебни прилики, тоа ме прави да се чувствувам посамоуверен," изјавил 24-годишен студен.
Популарноста на машката козметика (има посебни брендови само за мажи) во Јужна Кореја започнува некаде во 90-те, кога се олабавува забраната на јапонски производи, што ги изложува Корејците на поинакви сфаќања за машката убавина, кои вклучуваат популарни стрипови во кои се појавуваат женствени мажи.
До 2000-та се повеќе мажи се трудат да ги следат машките ѕвезди кои користат козметика. Денес, нежната убавина на мажите се смета за "белег на успех во општеството"