За кревање на шеќерот

Момчиња и колачиња

Има денови кога мислите дека на интернет нема ништо интересно. И тогаш колега ви го праќа следниов линк...



Кикстартер е, знаете, оној сајт каде промовирате некој ваш проект, па собирате средства за да го остварите. Некоја Бејб Скот, позната и како кулинарска водителка под името „Мрзлива хостеса", собира донации за еден малку поинаков готвач. Тема: мажи и слатки. Или слатки мажи. Или рецепти за слатки од светски најсексите готвачи. Малку бевме деконцентрирани во гледањето па не досфативме, ама тоа ќе да е.

Планот е книгата да има 100 и нешто страници во боја, со повеќе од 50 заведувачки фотографии, од згодното момче во маало, латино љубовникот од оние шпански серии, до осамениот мафин каубој, сите во престилки и со готвачки капи.

Објавувањето на една ваква книга е секако скап процес - тестирање на рецептите, минати часови во студио под силни рефлектори, шминка, депилација, фитнес и многу, многу хопла, за на крај и колачињата и момчињата да бидат „жешки".

Од акцијата остануваат уште 23 дена, а од планираните 18,000 долари се собрани само околу 4. Знаете што треба да направите...

25 септември 2012 - 14:03