до кога бе со вакви проблеми!

Лесно и е на Норвешка кога ја има Шведска

Најглупата работа околу веста е што премногу очигледно кажува дека од 1990-та, до денес се минати уште малку па 25 години. Под број два, ова е еден од домашните проблеми што во Скандинавија се решава со странска интервенција.

Норвежанецот Инге Хауген во викендичката на северот од Норвешка открива дека има заборавено неотворена конзерва со ферментирана харинга. Конзервата ја има заборавено од 1990-та (во нашиот тајмлајн ова значи дека таа има преспиено војна во Словенија, Хрватска, Босна, бомбардирање на Србија, го има пропуштено Косово и војната во Македонија, и безброј избори) под настрешницата. Во овие 2,5 децении конзервата постојано се дуе и веќе ја има малку поткренато настрешницата.

Откако ја открива конзервата тој за тоа ги известува своите соседи, и (да пукнеш од мака како се функционира кај нив) норвешката армија, дека таа може да експлодира.

На сопругата на Инге и текнало дека во 1990-та за време на една забава со пријателите тие имале 3 вакви конзерви, откако другарски поделиле две конзерви Инге третата ја качил на кров и таму ја заборава.

Конкретниот бренд на ферминтирана харинга е од Шведска (Surstromming), додека кај Норвежани ферментираната риба по избор е пастрмка (лежена неколку месеци во сол и некаква расолница).

Откако се расчу веста, својата помош ја понуди експерт од Surstromming академијата на Шведска, кој на 18-ти август ќе пристигне во викендичката на северот од Норвешка да ја "разоружа" конзервата.

На Хауген веќе му се најавиле стотици луѓе дека ќе дојдат на чинот на разоружување.

Бонус, експертот од Шведска најави дека не само што ќе ја отвори лименката туку и ќе ја изеде 25 години стоената ферментирана харинга (до сега, најстара му била 15-години одлежана харинга). Швеѓанецот ќе донесе и неколку конзерви тазе ферментирана харинга за публиката да може да проба.

Еве едни Тексашани што го пробаа шведскиот деликатес:

11 февруари 2014 - 22:57