Така ПорнХаб не само што ја регистрира вашата ИП адреса туку внимателно следи на што кликате, на што од тоа трошите време и колку, и на кои видеа си заминувате од сајтот.
Следниот пат кога ќе се појавите на сајтот, алгоритмите ги обработуваат вашите претходни податоци и ви нудат уште поперсонализиран избор на видеа, базиран на она што до тогаш сте го гледале. Постојано нудејќи се поконкретни видеа на секое следно доаѓање тие полека ве водат кон трансформација во корисник што ќе плаќа.
"Бесплатното порно е само почетниот чекор кон порно со членарина, веб камери и ескорт сервиси, ХД порно и останати работи кои се премногу за општата публика," објаснува Мартин Дабнеј, уредник на Лоадед Магазинот и еден од учесниците во документарецот Porn on the Brain.
Порно страните воопшто не се срамат да ги користат податоците за навиките на своите посетители. Така утрото по завршувањето на Супер Боул, беше објавено дека пред почетокот на натпреварот посетеноста на порно сајтовите во Денвер била 51% под американскиот просек, додека при крајот од натпреварот (кога веќе се знаеше дека ќе изгубат) посетеноста пораснала на 10,8% над просекот. (разлика од речиси 70%)