
Професорот Клод Пиантадоси (и автор на The Biology of Human Survival) објаснува дека во просек човек може да издржи 100 часа без вода или околу 5 до 6 недели без храна.
"Можеш да преживееш многу повеќе со малку храна, иако ќе ослабеш и ќе почнеш да имаш проблеми со недостаток на витамини. Па би било витално за Алваренга да собира храна и вода за време на патувањето. Регуларните бури на Пацификот му обезбедувале дождовница," објаснува Пиантадоси.
Според професорот клучни работи што Алваренга ги направил е што се снашол со сенка на чамецот (имал мала кутија од фиберглас во која што се криел) и што цело време се бришел со крпа со што успеал да остане сув за да нема проблеми со кожни болести.
Алваренга изјавил дека додека бил на море, со голи раце ловел желки, риби и птици, со што се прехранувал. И покрај сомнежот на јавноста, професорот смета дека ова е веројатно:
"Со тек на време на дното од чамецот се развил посебен екосистем од сите алги, медузи и органски отпад што се залепил на него. Ова пак привлекува други суштества," објаснува професорот, кој не може да гарантира за тоа како Алваренга ловел со голи раце.
Крвта и свежото месо од уловот, му помогнале на рибарот по две основи - прво, крвта од птиците има исто ниво на сол како човечката, заради што е добар извор на хидратација; и второ, свежото месо во себе содржи витамин Ц, што му помогнало околу евентуалниот недостаток.
Олеснителна околност на Алваренга е што пред да се изгуби тој најверојатно бил дебел, па имал резерви на сало и мускул, заради што успеал да преживее и со мали количини вода, протеин и витамини.
Процената на Пиантадоси е дека на Алваренга ќе му требаат околу 2 дена да ги реши проблемите со хидратација, а за храната веројатно ќе му треба подолг период бидејќи по гладување телото ја губи способноста да апсорбира хранливи материи. За рехабилитација на мускулите и телесна терапија, тој проценува дека ќе му бидат потребни неколку недели.