Пуси Рајот се откажа од Надја и Маша

Двете ослободени членки на Пуси Рајот наголемо ја крстарат Америка. Беа кај Колберт, на концерт на Амнести беа најавени од Мадона, даваат интервјуа, ги има насекаде. Назад во нивната Русија, матичната група соопшти дека тие две веќе не се во Пуси Рајот.

Писмото на Пуси Рајот е објавено на влијателната руска блог платформа "Live Journal" (на која и доскорешниот американски амбасадор во Москва ја најави својата оставка пред да ги запозне американските медиуми за тоа) и во него се наведува дека иако светот ги смета за нивни симболи, Надја Толоконикова и Mаша Алјокина не се веќе нивни членки.

Групата порачува дека се горди на двете девојки заради нивниот отпор кон неправедните судски процеси и нивната решеност да ја продолжат битката за човечки услови во руските затвори.

На наша несреќа, тие толку се вовлекоа во проблемите во руските затвори што комплетно заборавија на идеалите на нашата група - феминизмот, отпорот, борбата против авторитаризмот и култот на личноста и другите аспекти кои всушност беа причина за нивното неправедно казнување.

Во отвореното писмо, групата Пуси Рајот за првпат информира дека Надја и Маша воопшто не сакаат да комуницираат со нив и велат дека ги фрустрира тоа што јавноста и медиумите сè уште  ги именуваат како нивни претставнички.

Феминистичките радикалки од Пуси Рајот посебно се огорчени на Амнести интернешенел чиј концерт беше најавуван со постер од лице во маска под името Пуси Рајот, како и заради фактот дека влезот бил наплаќан.

Ова е комплетно спротивно на сите наши принципи. Ние сме се-феминистички колектив, никој лик не може да не претставува на постери. Ние ѝ припаѓаме на левичарската анти- капиталистичка идеологија - на луѓето не им наплаќаме да ги видат нашите уметнички дела, видеата слободно ги дистрибуираме, сите наши концерти се ненајавени и никогаш не наплаќаме билети за нашите "шоуа".

Пуси Рајот сепак им посакува среќа на своите две доскорешни членки.

Изгубивме две пријателки и идеолошки истомисленици но светот доби две храбри и интересни бранителки на човековите права. Го почитуваме нивниот избор и им посакуваме среќа во новата кариера, се вели во писмото на Пуси Рајот.

Мадона ги најавува Надја и Маша:

Двете кај Колберт:

The Colbert Report


The Colbert Report

8 февруари 2014 - 15:24