На прв поглед сајтовите изгледаат како официјално претставување на кандидатот, меѓутоа текстот открива работи како: "Киркпатрик е голем срам за Аризона," објавено на лажниот сајт на демократската кандидатка Ен Киркпатрик, или "Џон Луис е лош за Монтана," од сајтот на кандидатот Џон Луис.
На дното на сајтовите има нагласено дека тие се финансирани од NRCC (National Republican Congressional Committee), меѓутоа оваа информација не се појавува во близина на формуларот за донации преку кој се испраќаат пари за републиканските кандидати.
До сега NRCC му ја има вратено донацијата само на еден човек, кој по грешка дал пари на еден до лажните сајтови.
Републиканците објаснуваат дека никој не им е крив на демократите што ова не им текнало порано и што ги немаат зафатено домејните со имињата на кандидатите.