50,3 проценти од гласовите на референдумот отидоа за опцијата да се воведат квоти за имиграцијата во Швајцарија.
Тоа е земја во која две третини од 8-те милиони луѓе што живеат во неа се странци а само минатата година пристигнале 80.000 имигранти.
Ваквиот исход од референдумот практично го поништува договорот меѓу Швајцарија и ЕУ за слободен проток на луѓе. Земјата не е дел од Унијата но има прифатено добар дел од заедничката европска регулатива.
Европската комисија изрази жалење од резултатот и порача дека предлогот е во спротивност со принципите за слободно движење на луѓе меѓу ЕУ и Швајцарија.
Француските кантони главно биле против квотите, германските биле поделени додека италијанските кантони доминантно гласале за воведување рестрикции за имиграцијата во земјата.