За Русите насмевката во јавност не е израз на учтивост кон некој непознат како што тоа е случај во САД. Насмеан човек мора да има добра причина за тоа што го прави, и таа причина треба да е очигледна. Кога луѓето се смеат без двоумење - без никаква причина - Русите тие насмевки ги сметаат за вештачки и неискрени.
Во 2011-та уредникот на колумните на Москва Тајмс, Мајкл Бом, прави детална сторија на темата.
Во основа националната недоверба кон западната насмевка потекнува уште од почетокот на Советската ера и анти-американската пропаганда. Советските медиуми редовно ги прикажуваат Американците како народ гладен за моќ, кој постојано се смее за да ги измами другите. Зад оваа насмевка е "империјалистички волк со остри заби." На почетокот од 90-те медиумите како еклатантен пример го наведуваат тогашниот Државен секретар на САД, Џејмс Бејкер, кој користејќи го својата "шармантна и расипана тексашка насмевка," го измамил Горбачов да се согласи и да дозволи обединување на Германија, во замена за спречување на ширењето на НАТО кон исток.
Според Бом, ладното лице на Русите нема врска со "Достоевски и студената клима," и е многу повеќе поврзано со векови владина опресија и корупција. Експертите на тема човечко однесување објаснуваат дека во колективистички нации како Русија и Кина, луѓето имаат тенденција да ги неутрализираат среќните изрази, за да се вклопат со остатокот од населението.
Историски животот на Русите е исцрпувачка борба за преживување. Ова остава трајна трага и на нивните лица. Во истражување од 2007-ма Русите се на 167-мо место по среќа од вкупно 178 нации.
"Не треба да се сфати дека Русите се вечно несреќни луѓе, проколнати на депресивен живот.
Русите се смеат кога се вистински среќни - за здравје, за расположение, за напредување. Сите добри причини.
Кога двајца Американци ќе се погледнат во преполн ресторан, тие ќе се насмевнат од навика. Наместо тоа Русите гледаат на страна, бидејќи смешкањето кон непознат човек е табу. Руската касиерка нема да ти се насмевне бидејќи не те познава, и таа нема намера да го копира твојот среќен израз.
Русите ќе се насмевнат во јавност ама тоа е обично кон некој што го познаваат. И тоа го прават со затворена уста, бидејќи се повеќе од тоа изгледа непријатно.
Најголемите и најприродните насмевки се појавуваат кога си дома, каде што Русите се смеат и се шегуваат како сите други, со блиски пријатели и семејството. Ама и тука кога некој ќе извади апарат, устите се враќаат на прибраната варијанта" објаснува авторката на текстот за Нешнл Журнал, Марина Корен.