Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Зеленски се спрема да отпише територии

Украинскиот претседател упорно бара столче на преговарачката маса во Алјаска на која ќе бидат Трамп и Путин, но знае дека нема да го примат на самитот ни како нем посматрач. Затоа Зеленски тивко ги разгледува реалните опции за мир – како да ја изведе очекуваната „размена на територии“ и да ѝ остави на Русија да преземе што е можно помалку од окупираната украинска земја.

Вашингтон Д.Т.

Доналд Трамп ја испрати Националната гарда на улиците на Вашингтон за да го исчисти главниот град на САД од „малолетни дивјаци, манијаци и бездомници“. Окружната полиција првпат во историјата ќе биде под контрола од федералните власти, барем 30 дена. Предупреди дека слични мерки ги очекуваат и најголемите градови - Њујорк, Лос Анџелес и Чикаго, ако не ја средат безбедноста.

ЕУ дала пари за ковид, владата на Туск ги трошела на јахти и свингерај

Пари што ЕУ ѝ ги испратила Полска за да го закрепне угостителскиот сектор по пандемијата за ковид завршиле во сомнителни проекти, како клуб за свингери, пицерија со солариум, вотка-барови, дури и за јахти. Брисел не ги даваше милијардите додека на власт беше партијата Право и правда, и ги чуваше за Туск кога ќе стане премиер. Сега Брисел е соучесник во скандалот.

Кина со ум се бори за студенти, а ние со мрза

Кинеските универзитети не штедат на пари и вијуги за да остават што е можно посилен прв впечаток кај студентите. Поканите за студирање одамна не се формално парче хартија. Тие сега се престиж. Во нив се вложени илјадници часови експериментирање и креативен труд, за да бидат симбол на високото научно ниво на Универзитетите и на технолошката доминација на Кина во 21 век.

Нвидиа ќе му плаќа екстра арач на Трамп за да извезува чипови во Кина

Доналд Трамп се пазари и со националната безбедност на САД, само за да ги молзе техонолошките гиганти. Прво забрани извоз на напредни чипови на Кина, а сега на избрани компании им дозволува да ја кршат забраната и тоа дебело ќе го наплати. Пекинг ја разгледува можноста да забрани увоз на американски чипови, ако оцени дека оние на Нвидиа и АМД имаат „шпионски“ задни порти.

Израел со бомби ја замолкнува вистината за геноцидот во Газа

Израелските сили го ликвидираа најистакнатиот репортер на Ал Џезира во Газа. Шаторот во кој престојувала екипата на Анас ал Шариф бил разнесен со проектил. Го обвинуваа дека бил член на военото крило на Хамас. Ал Џезира тврди дека обвинувањата немаат врска со вистината и дека убиството е дел од кампањата за истребување на сите што известуваат за геноцидот во Газа. 

Шпанско гратче обвинето за исламофобија

Одлуката на властите во Хумиља, гратче со околу 27.000 жители, да забрани верски свечености во спортски објекти, ја разбранува и ја подели шпанската јавност. Причината нема врска со спортот: муслиманите традиционално ги славеле своите празници во спортски сали. Владата обвинува за исламофобија. Популистичката партија Вокс ја поздравува одбраната на традиционалните вредности. 

Луѓето за 60% се отуѓиле од природата

Бетонирајќи се во градови, луѓето изгубиле 60% од поврзаноста со природата од 1800 година па наваму. За толку од секојдневниот говор и од книгите биле искоренети зборовите за природата - како река, мов или цвет. За да може човекот некако да ѝ се врати на природата, мора радикално да го врати зеленилото во урбаните средини и да ги воспитува децата од најрана возраст.

Грок ќе соблече било која жена, не и маж

Новата „зачинета“ верзија на Грок не се колеба да генерира видеа со мека порнографска содржина од реални личности, дури и кога тоа не се бара експлицитно од него. Ги соблекува до појас Тејлор Свифт, Меланија Трамп, некои жени дури и угул голи, но не и мажите. Тоа се толкува како намерно вградена мизогинија во алатката со вештачка интелигенција на Илон Маск. 

Трамп бара воена интервенција против наркокартели во странство

Трамп наредил да биде активирана војската на територија на други суверени земји за да ги запре наркокартелите што товарат фентанил и други дроги во САД. Пентагон и Стејт департментот прават оперативни планови, а правниците бараат начин како без согласност од Конгресот да го претстават како „самоодбрана“ ликвидирање на шверцер на дрога во џунгла во Венецуела или Мексико.

„Демократијата“ е новиот колонијализам

Демократијата доаѓа како евангелие, спакувана и со баркод. Освојува како паразит: се гнезди во срцето, се храни со вера и го убива домаќинот со лажни ветувања. Убедува, заведува, инфицира. Костумосани мажи се спуштаат како мисионери, со PowerPoint презентации и модули за родова обука. Носат добри вести: суверенитетот е надминат, локалните богови се застарени.

Пунктови за отстрел во Газа

Локациите на кои израелско-американската Хуманитарната фондација доставуваат храна во Газа се полигони за оркестрирани убиства, тврди организацијата Лекари без граници, која им укажала помош на илјадници ранети Палестинци. Раните сведочат дека намерно се нишани и се пука во луѓето, па и децата, што се грабаат за храна. Израел не дозволува ОН да доставува хуманитарна помош.

Литиумот му е душман на Алцхајмер

Литиумот, кој вообичаено го има во батериите, мошне веројатно е многу важен за работата на мозокот. Забележано е дека го нема доволно во мозочните ткива на пациентите од Алцхајмерова болест. Кога на болни глувци им додавале од металот, значително им ја подобрил состојбата. Тоа дава надеж дека би можело да се развијат третмани за превенција и лекување на деменцијата.

Уставниот суд ги спаси Французите од опасни инсектициди

Највисокиот суд на Франција мораше да интервенира за да ги спаси граѓаните од опасен инсектицид што го нарекуваат „убиец на пчелите“. Владата го одобри, под притисок од моќното земјоделско лоби, кое лесно знае да паркира трактори низ Париз. Макрон им даде приоритет на цвекларите во однос на милиони Французи, кои во редок израз на единство протестираа против отровот.

Нема потреба од боцкање, ќе се клукаме со ново апче за слабеење

Откако се збогатија со инјекциите оземпик, вегови и мунџаро, фармацевтските гиганти почнаа трка со апчиња за слабеење, кои се помалку ефикасни, но се поедноставни за употреба и веројатно ќе бидат поевтини. Новото апче на Илај Лили топи 12% од тежината. Конкурентското на Ново Нордиск топи 15%. Спуштаат и холестерол и притисок. Сè уште не се одобрени. Трката ќе почне во 2026 година. 

Трговската војна помеѓу САД и Индија може да ја офајди Кина

Што ти е глобална политика... Америка воведува царини за Индија за да ја казни и да ја принуди повеќе да не купува нафта од Русија. Така индиректно ќе ја казни Русија и ќе ја принуди да ја запре војната во Украина. Од овој сложен трговско-миротворен синџир што го смисли Доналд Трамп најмногу може да ја офајди откачената алка – Кина, на која ќе ѝ сервира уште поевтина нафта.

Како се калеше кинескиот челик

Им биле потребни десетина години, но кинеските металурзи успеаја да создадат челик доволно цврст да ги издржи екстремните магнетни и температурни оптоварувања на фузиските реактори, оние од кои очекуваме да испорачуваат гигавати струја од кофа вода. Суперчеликот ќе биде вграден во кинескиот токамак БЕСТ, кој ќе проработи во 2027 година како подготовка за фузиски реактор.

Британците ни го украдоа СВОЗ

Едно време низ Македонија секоја година имаше СВОЗ. „Сите во одбрана и заштита“, за да им биде појасно на помладите, кои не ги паметат масовните вежби за преврзувања ѓоа-ранети и чистење скривници ниту виењето на сирените за да се држи во форма системот на тревожење при непогоди. Дојде време Англичаните да вежбаат СВОЗ, а ние да не знаеме како да укажеме прва помош на човек.

Полска го достигна животниот стандард на Јапонија

Со неверојатна стапка на раст на реалниот животен стандард од над 300% во изминатите 30 години, двојно повеќе од која било друга европска земја во тој период, Полска веќе го надмина европскиот просек, се изедначи со многу побогати европски земји, а на пат е да ја надмине и Јапонија. Корените биле пуштени уште во социјализмот, кога малите бизниси полнеле 20% од буџетот.

Газа нема храна, но има плати за Хамас

Двете години уништувачка војна го десеткуваа воениот капацитет на Хамас, но групата сè уште има доволно пари за да ги плаќа јавните службеници. Платите се сведени до минимум, а кога нема кеш се исплаќаат во брашно. Се доставуваат по тајни канали, а се црпат од трезор во кој пред терористичкиот напад врз Израел биле скриени стотици милиони долари во кеш.

Премиер со вештачка интелигенција

Искреното признание на шведскиот премиер дека се консултира со ЧетГПТ за некои прашања ја разбранува јавноста. Го напаѓаат дека споделува чувствителни информации со апликација на приватна фирма, дека бара совети од машина што лесно може да халуцинира. Кога малку стивна бурата, Швеѓаните бараат одговор на друго прашање: Зарем некој денес воопшто може да не користи ВИ?

На 79% од израелските Евреи не им пречи Газа да умира од глад

Огромно мнозинство од израелските Евреи не се загрижени од извештаите дека десетици палестински деца секојдневно умираат од глад во Газа поради израелската блокада на хуманитарната помош. Речиси исто толку веруваат во објаснувањата дека Хамас ги изгладнува луѓето во Газа, а Израел „прави сè што може за да ги нахрани Палестинците“. Сосема спротивен е ставот на израелските Арапи.

Мелони забранува поигрувања со полот на децата

Италија ќе ги заостри контролите врз медицинските третмани за потврдување на полот за малолетници. Законот ќе ги регулира лековите како што се блокатори на пубертетот и хормони за феминизирање или мажественост за лица под 18 години кај кои е регистрирана родова дисфорија. На владиниот предлог веднаш се кренаа застапниците за правата на трансродовите лица.

ОпенАИ го предаде човештвото

Џефри Хинтон, Лоренс Лесиг, Стивен Фрај се меѓу стотиците водечки експерти за вештачка интелигенција и јавни личности што во отворено писмо ја обвинуваат ОпенАИ дека го предала човештвото. Тие бараат од компанијата на Сем Алтман да се откаже од желбата за профит и да се придржува до својот основен принцип да ја развива новата технологија за доброто на човештвото.