Вести

Досега се повлечени 775 фабрикувани трудови за ковид и вакцини

Научно списание повлече труд за вакцинацијата против ковид-19, откако било откриено дека главниот автор вметнувал фабрикувани податоци и слики. Во трудот објавен пред четири години се тврдеше дека вакцинацијата против SARS-CoV-2 поттикнува создавање на силни антитела. Досега се повлечени близу 800 лажни студии поврзани со коронавирусот и вакцините.

Филантропија:

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Додека се расфрла со стотици милиони долари за политички кампањи (годинава веќе дал 275 за републикански кандидати), Илон Маск отворено ги презира филантропите. За нив тврди дека прават повеќе штета отколку полза за општеството. А, сепак, Маск ја има петтата најбогата добротворна фондација во САД. И ја користи за претурање пари и даночни олеснувања.

Израелски фирми шпионираат преку онлајн огласи

Бизнисот со онлајн рекламирање, освен што отвора сериозни прашања за нарушување на приватноста, може да послужи и како канал за големи шпионски кампањи. Израелската фирма за дигитално рекламирање помагала да бидат идентификувани и следени корисници кои посетувале одредени страници на интернет или користеле апликации со малициозни реклами.

Речник

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Брисел настојува „дигиталниот паричник“ да биде стандард за докажување на идентитет пред банките, иако Европската Унија го претстави како опционален за граѓаните на доброволна опција. Алтернативните проверки и понатаму би биле дозволени, но само како исклучок, кој банката би морала да го оправдува пред надзорен орган.

Европа, окупиран континент

Европските земји ги поткопуваат своите суштински економски и безбедносни интереси. Потчинетоста кон трансатлантските интереси може да се објасни единствено како вазализација. НАТО не функционира како одбранбена организација, туку како апарат за контрола, а ЕУ како политичко крило на овој империјалистички поредок, забележува Томас Фази во обраќање на форумот Исток-Запад во Истанбул.

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Во Кина повеќе нема двосмисленост

Ниту реклами, ниту он-лајн или во која било форма политичка (и сите останати дебати) од сега нема да смеат да содржат игра на зборови. Кинеските власти одлучија дека тоа не само што не е интересно, туку е и проблематично за децата.

Благодарност од немање

Дилемата е на децата сакаш да им дадеш се што ти си немал, ама во исто време не сакаш да заборават кои се и од каде доаѓаат. Во основа сакаш да ги размазиш, без тие да се размазат. Неодамна Вол Стрит Журнал во една сторија ги поттикнува родителите да ги тераат своите деца да вршат домашни работи, да изразуваат благодарност за оброците и слични гестови.

Клуч за среќен брак: секој во башка куќа

33 години маж и жена доброволно живеат одделно, во ист град, но на различна локација. Сега тоа им го препорачуваат на сите оние кои сакаат бракот да им остане свеж и радосен. Истиот совет за добра врска го даваше и старата добра Ме Вест - „Живеј во близина, доаѓај често на гости".

Зошто шкотските тинејџери се откажаа од пиење?

Шкотска направи дабл-дабл во решавањето на алкохолизмот, откако со еден потег успеа да го намали консумирањето алкохол меѓу тинејџерите, а притоа ништо да не им наруши во пиењето на недолжните не-тинејџери.

ЕУ би да го растури Гугл

Како решение на сите тужби во кои се тврди дека Гугл ги промовира сопствените сервиси во резултатите од пребарувањето, компанијата би требало да се раздели на помали делови. Барањето е од Европскиот парламент, кој инаку нема никаква моќ да го спроведе ова.

Морнарица на погон на вода

После децении експериментирање научниците на американската морнарица веруваат дека имаат најдено начин како да добијат течен хидрокарбон (водород и јаглерод), што во основа е гориво од солена (морска) вода.

Приказната на полицаецот Дарен Вилсон

Полицаецот што на 9-ти август го застрела 18-годишниот Мајкл Браун, се до неделава немаше дадено никаква изјава за инцидентот. Во понеделникот, беше објавена неговата верзија на настанот. Коментарот на приказната е "... ова е неверојатно. Мислам, во буквална смисла на терминот: 'тешка и невозможна за верување.'"

Како изгледа олигархија

Бројките се американски и многу официјални (од даночно, од 2010-та), а според нив топ 400-те домаќинства од САД (топ 0,0003%) го заработуваат секој 6-ти долар (или 16%) што Американците го прават од продажба на акции, обврзници и недвижности (кои вредат над 500.000 долари).

Битката за кутијата цигари

На 1-ви декември 2012-та Австралија го воведува најригорозниот закон за дизајн на кутии цигари, според кој секое пакување мора да има еднолична кафеава боја, на која со точно одреден фонт (2C Lucinda Sans regular), со точно одредена големина (14 и 10 пиксели) се напишани смртни предупредувања, кои заедно со ужасните графики треба да покриваат 75% од предната страна и 90% од задната.

Што подразбираат Кинезите под демократија?

Во Австралија, кинескиот претседател неодамна изјави дека земјата има цел до средината на овој век стане "модерна социјалистичка држава која е просперитетна, демократска, културно напредна и хармонична." На австралискиот премиер не му се верува што слуша, конкретно околу делот "демократска." Магазинот Економист објаснува како Кинезите го сфаќаат зборот.

Кога белци прават нереди за глупости

Иако белата страна на Америка од чиста политичка коректност генерално се прави дека го разбира гневот на црнците во Фергусон и околу Фергусон, главниот издувен вентил за нивното незадоволство е - аман не бидете дивјаци и да кршите кај што ќе стигнете.

Њујоршки комшилуци

Upper East Side е болно скап дел на Менхетн со многу чуден комшилук. Едни до други, рамноправно се потпираат куќи на најбогатите и на најсиромашните луѓе на светот. Вториве, главно абер немаат за тоа.

ХБО и 160-те адвокати

Заради сопствени процени и затоа што никогаш не се знае, ХБО регрутира армија адвокати околу планот за снимање документарец базиран на книгата "Going Clear." Книгата е за саентологија.

Сони раскина со ФИФА

Официјално причината е заради преструктуирање на трошоците, неофицијално е заради целата драма што се развива околу претстојните два Мундијала и начинот на кој е доделена нивната организација.

Совети кои може да ги добиете само од порно ѕвезда

Добро, знаеме дека порничи не се исто што и реален живот. Да беше така, немаше да пишуваме на сајт туку ќе разнесувавме пици или ќе монтиравме кабелска. Ама човек учи дур е жив па не е лошо да се слушне совет од оние на кои сексот им е работа. Џесика Дрејк, креаторот на ДВД серијата „Водич за палав секс" споделува неколку финти, кои дури и да ги знаете, можат да бидат стимулативни.

Ангелите на Асад

Исти се како овие на Викторија, само што имаат бради, мускули и најважно воопшто не се исти како тие на Викторија, ама исто како нив сакаат да позираат и да се сликаат дотерани и средени. Инаку, од страна изгледаат како да не можат да се решат дали сакаат да бидат прототип за "bear porn" или да се пријават на аудиција за бој-бенд.

Роди ме мајко стажант, и фрли ме во Силициумска долина

Моментално технолошките компании (низ светот) прават и трошат неверојатни суми пари. На толку пари, добро проаѓа и најдолниот сталеж во која било компаниска хиерархија - стажанти. (Забелешка, нивното добро, е наше спектакуларно.)

Зошто полицаецот од Фергусон никогаш нема да биде осуден

Фергусон се смири по основа "да оставиме судот да ги реши работите." Поротата вчера одлучи дека не треба да се подигнува судска постапка против полицаецот Дарен Вилсон за убиството на Мајкл Браун. Од ноќеска Фергусон повторно гори. Според новинарот на Слејт јасно е дека Вилсон никогаш нема да лежи затвор, "ама па ако ништо друго, подигнување обвинение против него ќе покажеше дека животот на Браун значел нешто."

Икс Фактор за секс

Исто е како за Икс Фактор, само што наместо бескрајни фалшови, 8 мажи и 8 девојки ќе имаат многу секс пред народ натпреварувајќи се за шансата да станат меѓународна порно ѕвезда и за бонус од 1 милион долари. Еден од главните предуслови за да се пријавиш - никогаш до сега да не си снимал порно.

Вовед во функционирањето на Формула 1

Објаснувањето е повеќе за Формула 1 како бренд, организација и спорт, само што не е спорт. Не заради дебата на олимписко ниво околу тоа што и зошто се смета за спорт, туку заради чисто корпоративни причини.

Дали бесплатната храна ќе направи да си ја сакаш работата?

Додека меѓу себе се договорат директорите и луѓето од човечки ресурси, ваше е да кажете – не знам, ама дај да пробаме.

Приказните од гробницата во Амфиполис

Како што археолозите копаат се подлабоко во гробницата на Александар во близината на Сер, така се повеќе се развива приказната за семејна драма и кралски сплетки, пишува Нешнл Географик во репортажата од Амфиполис.

Што би те прашал врвен ЦЕО?

Влегуваш на интервју за работа, а таму натопорен Ричард Брансон или кадровикот на Гугл, што мислиш дека е едно единствено прашање што ги интересира?

Како да испорачаш Ф1 болид околу светот за 36 часа

Без разлика како и да заврши годинешнава сезона на Ф1 (а заради новите блесави правила ова се можните исходи, сите во корист на Мерцедес), најсреќни ќе бидат вработените на ДХЛ кои повеќе нема да мора да се грижат за пакување, товарање и испорака на 22 болиди и неколку стотици тони опрема од еден на друг крај на светот. Барем до следната сезона.