Автор на книгата е Лорен Рајт (добитник на Пулицер) и во неа тој копа по животот на основачот на Рон Хабард и влијанието што неговата црква го има на верниците, посебно на оние што се со врски во Холивуд.
Дел од откритијата што Рајт ги пишува во книгата, вклучуваат и злоупотреба и малтретирање на верниците. Црквата ова постојано го негира.
"Приказните за наводното телесно малтретирање се лаги измислени од мала група на само-поткрепени потврдени лажговци. Чистите докази јасно покажуваат дека никогаш немало такво однесување и дека има докази кои покажуваат дека тоа НЕ се случило," коментираше портпаролката на групата, Керин Пау, во интервју за СиЕнЕн во 2013-та.
Режисер на документарецот е Алек Гибниј, кој освои Оскар во 2007-ма за "Taxi to the Dark Side." Новиот документарец би требало да се емитува во 2015-та.
За тие што ги интересира, еве го Taxi To The Dark Side