Post by رواد العلي.
Момците се членови на Шабиха паравоената милиција на Асад, која е составена од членови на Алавитите (владејачката секта на Сирија), и оперира како полу-владина организација, чија задача освен страв и ќотек по улици, е да се измеша со населението и да потисне било какво јавно незадоволство против сириската влада.
Дел од овие момци, стационирани во Дамаск, на паузи или пред и по работа, почнаа да пуштаат свои слики на интернет. Генерално темата на фотките се четворица момци и нивните физички достигнувања (и успешното откривање на синтол).
Фотографиите се правени на различни локации, од улици и борбени позиции, до канцеларии и бараки во кои престојуваат. Костимите во главно се армиски, а и имаат и по некоја во цивилка.