Што би те прашал врвен ЦЕО?

Влегуваш на интервју за работа, а таму натопорен Ричард Брансон или кадровикот на Гугл, што мислиш дека е едно единствено прашање што ги интересира?

Ричард Брансон: Што не стигна да ставиш во твоето резиме?

"Јасно е дека добро резиме е важно, ама ако ги вработуваш според тоа што го напишале за себе на хартија, тогаш не треба да губиш време на интервјуа."

Дара Ричардсон-Херон, ЦЕО на женската организација YWCA (Young Women's Christian Association): Опиши се себе си со еден збор?

Нејзиното објаснување е дека најдобрите кандидати точно се знаат себе кои се. Не и е важен одговорот и зборот што го одбрале, ама сепак и дава увид за тоа како човекот се спакувал себе си.

Лазло Бок, директор на човечки ресурси на Гугл: Дај ми пример за случај кога си решил аналитички тежок проблем?

"Интересната работа околу интервјуата е што кога ќе побараш од некого да зборува од сопствено искуство, и кога ќе се задлабочиш во она што го кажува, добиваш две различни информации. Прво, добиваш шанса да видиш каква била нивната интеракција во реалниот свет, а дополнителната вредна 'мета' информација што ја добиваш околу кандидатот е чувство за она што тој смета дека е тешко."

Џеф Звелинг, ЦЕО и основач на Коверто, сервис за мерење на маркетинг и рекламни кампањи: Чекан и клинец заедно чинат 1,10 долари. Чеканот чини еден долар повеќе од клинецот. Колку пари е клинецот?

Прашањето обично го урфлува сред интервју, и покрај тоа што е свесен дека не се сите добри во математика. "Некои кандидати инстантно ќе кажат 10 центи, што очигледно е погрешно. Тие не мора да го погодат точниот одговор, кој е 5 центи, ама сакам да видам дека барем имаат процес на размислување кој ги донел до одговорот... 10 центи е премногу лесен одговор, и ако е толку лесно прашањето, не би го ни прашувал."

Хана Парамор, претседателка на Парамор, агенција за интерактивен адвертајзинг: На колку години ја имаше својата прва платена работа?

"Сакам да видам колку длабоко е всадена нивната работна етика и независност, наспроти она што им следува. Ако работеле хонорарно во средно училиште и колеџ затоа што морале, посебно на работи кои се тешки, тоа покажува високо ниво на лична одговорност. Сакам луѓе кои морале успехот да го состават од повеќе различни агли."


Питер Тиел, ко-основач на ПејПал: Кажи ми нешто што е точно, ама речиси никој не се согласува со тебе за тоа?

"Ова го тестира човекот за тоа колку оригинално размислува, и до некаде, ја тестира неговата храброст да зборува и дебатира во тешка ситуација како што е интервјуто."

Вејн Џексон, ЦЕО на Сонатајп, компанија за софтверска безбедност: Можеш ли да ми кажеш за случај кога речиси си се откажал, како се чувствуваш околу тоа, и што направи наместо да се откажеш?

Преку прашањето Џексон очекува да дознае "што прават луѓето надвор од работното време, кој е нивниот двигател, за што размислуваат, што им е важно," за да утврди дали имаат "компетитивност и порив за да минат преку тешки проблеми и тешки времиња."

Рајан Холмс, ЦЕО на ХутСут: Која е твојата супермоќ... или животински дух?

"За време на интервјуто ја прашав мојата сегашна извршна асистентка која и е омилено животно. Таа ми одговори - патка, затоа што патките се смирени на површината, ама под површина се убиваат од работа. Мислам дека ова беше феноменален одговор и перфектен опис за улогата на извршна асистентка. Колку да знаете веќе една година е со нас, и е одлична во својата работа."

22 ноември 2014 - 17:37