Како изгледа олигархија

Бројките се американски и многу официјални (од даночно, од 2010-та), а според нив топ 400-те домаќинства од САД (топ 0,0003%) го заработуваат секој 6-ти долар (или 16%) што Американците го прават од продажба на акции, обврзници и недвижности (кои вредат над 500.000 долари).

Од 1992-ра до 2005-та, просекот на овие топ 400 домаќинства бил 7,8%.

"Што се променило? Епа, се случува хипотекарната криза, средната класа во најлош можен период се преплашува од акциите, и топ 1 процентот имаат повеќе пари за инвестирање од кој и да е период од 1939-та од денес. Собери го сето ова и гледаш дека капиталните добивки станаа врвниот луксуз.

Еве што значи ова. Во 2005-та, кога балонот со недвижности беше пред својот пик, се продаваа огромен број недвижности далеку над границата за капитални добивки од над 500.000 долари (првиот половина милион не се оданочува).

Со други зборови, толку многу скапи недвижности се продаваат што уделот на ултра-богатите во капиталните добивки малку паѓа. Тогаш во речникот влегува зборот 'subprime' влегува во разговорот, и цените на куќите и продажбите одат низ брдо - и од тогаш не се закрепнати. Уште полошо никој освен топ 10-те проценти не можат да си дозволат да ги задржат акциите кога берзите паѓаат во 2008-ма.

По 30 години подем на нееднаквоста на приходите, топ 1 процентот сега контролира поголем дел од богатството отколку од времето кога Франклин Рузвелт се крена против 'злосторниците од големите богатства' на неговото време. Колку повеќе имаш пари, толку повеќе имаш за инвестирање.

Не само што богатите стануваат побогати, туку затоа што добиваат повеќе пари од капитални добивки, тие сега се и помалку оданочени. Запаметете, највисоката даночна стапка на просечни приходи е 39,6%, ама на капитални добивки е 23,8% - во 2010-та бил само 15%," објаснува Мет О'Брајан за Вашингтон Пост.

27 ноември 2014 - 12:37