Победата во Абу Даби, како последна трка од сезоната носи 50, наместо досегашните 25 поени. Вториот ќе освои 36, наместо 18. Таквата ситуација најдобро му оди во прилог на Нико Розберг, кој што ако заврши пред тимскиот колега ќе освои дупло повеќе поени од Хамилтон.
Сите комбинации за титулата во Ф1 2014:
Луис Хамилтон е светски шампион ако во Абу Даби:
- победи;
- заврши пред Розберг;
- заврши барем 5-ти и Розберг да не триумфира;
- не ја заврши трката а Розберг да не стигне меѓу првите 5;
Нико Розберг е светски шампион ако во Абу Даби:
- победи и Хамилтон не заврши втор;
- заврши втор или трет а Хамилтон да не биде меѓу првите 6;
- заврши четврт а Хамилтон да не биде меѓу првите 8;
Во случај бодувањето да беше како во сите претходни сезони, на Луис Хамилтон ќе му беше доволно да биде макар 6-ти на последната трка, без разлика дали Розберг победил или не.
Во моментов на табелата води Луис Хамилтон со 334 поени пред Нико Розберг кој има 317. Трет е Даниел Рикардо со 214, а четврт е Себастијан Фетел со 159 бодови.