Крајната одлука околу случајот треба да ја донесе европскиот комесар за конкуренција, Маргрет Вестагер, која на позицијата го наследи анти-конкурентскиот случај поднесен против Гугл во 2010-та.
Во тужбата, конкурентите на Гугл побараа да се истражат 4 области:
- Начинот на кој Гугл ги прикажува сопствените сервиси за пребарување во споредба со останатите, конкрентски производи.
- Како Гугл ги копира содржините од останаите веб страни - на пример рецензии за ресторани - за да ги вклучи во сопствените сервиси
- Ексклузивноста што Гугл ја има во продавање реклами околу термините што луѓето ги пребаруваат.
- Ограничувањата наметнати на огласувачите кои сакаат своите он-лајн реклами да ги префрлат на останатите пребарувачи.
Претходникот на Вестгатер, Жоакин Алмуниа се обиде и не успеа да го реши случајот. Во тоа време Гугл понуди повеќе отстапки кои беа одбиени, по што Алмуниа предложи дека единствено решение е казна, која би можела да изнесува околу 5 милијарди долари.
Никогаш претходно Комисијата нема наредено растурање на компанија, а и за овој случај не е многу веројатно дека тоа ќе се случи. Ама наспроти ова се политичарите кои се очајни да најдат решение за спорот со Гугл.
Предлогот за растурање на Гугл го дадоа германскиот демо-христијан Андреас Шваб, и шпанскиот либерал Рамон Тремоса. Според нив најдобро решение за проблемот е пребарувачоте да се оддели од останатите комерцијални сервиси на компнијата и со тоа да се обезбеди одредено ниво на еднаквост на неговите ривали во Европа. Во ЕУ Гугл има околу 90% од пазарот.