Морнарица на погон на вода

После децении експериментирање научниците на американската морнарица веруваат дека имаат најдено начин како да добијат течен хидрокарбон (водород и јаглерод), што во основа е гориво од солена (морска) вода.

Главна придобивка од откритието е што бродовите би можеле сами да го произведуваат сопственото гориво и да не треба да се паркираат на пристаниште. Новото гориво би чинело меѓу 3 и 6 долари за галон (3,8 литри).

Американската морнарица има 289 бродови со мотори на нафта, на ова плус се неколку носачи на авиони и 72 подморници кои работат на нуклеарен погон.

Напредокот во истражувањето следува откако научниците успеале да развијат начин за извлекување јаглерод-двооксид и водород од морската вода. Потоа гасовите се претвораат во течно гориво со помош на каталитички конвертори. За сега горивото го имаат тестирано на модел од летало.

Откритието би имало и две сериозни глобални последици:

1. Со процесот се извлекува јаглерод-двооксид од океанот, кој како последица на глобалното затоплување е претворен во сунѓер на ЦО2. Ова за последица има зголемена киселост на океанот што е токсично за деликатни екосистеми како корални брегови.

2. Развивањето на технологијата во комерцијален производ би ја намалило светската зависност од фосилните горива и големите земји производители на нафта.

Следно што треба да направат е да го произведуваат горивото во индустриски количини, во што ќе им помагаат неколку американски универзитети.

27 ноември 2014 - 17:35