"Да бидам јасен. Не велам дека Вилсон лаже. Не велам дека сведоштвото е лажно. Она што сакам да кажам е дека настаните, како што тој ги опишува, се едноставно бизарни. Неговата приказна е тешка за верување," пишува Езра Клајн за Вокс.
Вилсон објаснува дека некаде околу пладне на 9-ти август, на системот слуша дека во тек е кражба на пазарот во Фергусон. Осомничениот е црн маж на со црна блуза. Неколку моменти подоцна тој здогледува двајца црнци како одат по жолтата линија на сред улица. Застанува и им вели "Момци, зошто да не одите по тротоар?" Тие го одбиваат. Едниот од нив му одговара "Речиси стигнавме." Вилсон пак се обидува "Ама што е проблемот да одите по тротоар?"
"Тука работите стануваат проблематични.
Одговорот на Браун на 'што е проблемот со тротоарот?' е 'кој те ебе што збориш.' Да не заборавиме, Вилсон е униформиран полицаец, во полициско возило, а Браун е 18-годишно дете кое само што извршило грабеж. И кога побарал од него да оди на тротоар, Вилсон вели дека Браун му одговорил со 'кој те ебе што збориш.'
Вилсон го враќа автомобилот во рикверц и почнува да ја отвора вратата. На детето што само што го опцу му вели 'Еј, доаѓај вамо.' Според него, Браун му одговорил со 'Што кур ќе направиш?' И потоа Браун, според раскажувањето на Вилсон, му ја треска врата. Вилсон се обидува повторно да ја отвори вратата и му кажува на Браун да отстапи, по што Браун се навалува во возилото и преку отворениот прозор почнува да го удира Вилсон со боксови," ја пренесува Езра верзијата на Вилсон.
Според него, во овој момент следува најневеројатниот дел од приказната, заради што комплетно го цитира исказот на Вилсон:
"Јас се обидував да му ги тргнам рацете од лицето и да го спречам него да ме граба и се останато. Тој се сврте накај неговиот... дали е околу моето возило, се сврте кон лево и му предаде на првиот субјект. Тој рече 'ај земи ги овие.' Држеше пакување од неколку кутии со цигарилоси, кои беа она што само што беше украдено од продавницата од која беа украдени неколку кутии цигарилоси. Тој рече, 'ај земи ги овие' и кога го направи тоа му ја фатив десната рака додека се обидував што било да контролирам. Додека ја држев, а тој влезе, тој влезе со испружена рака и тупаница, и така тргна кон моето лице со неговата... направи цел замав со неговата лева рака."
Во основа Браун почнал да го удира полицаецот во автомобилот, Вилсон некако успеал да ги одбие ударите за да си го заштити лицето, по што Браун му ги дава цигарилосите на својот другар, за да се наврти повторно на Вилсон во автомобилот и со ослободената лева рака да почне да удира по полицаецот.
"Секој можен детектор за срања ми се вклучи кога го читав овој пасос. Ова не значи дека не се случило точно како што Вилсон го опиша. Ама, пак, тешко е да се замисли. Браун, 18-годишно момче кое држи украдени производи, одлучува да нападне полицаец, и додека го напаѓа, запира, го предава украдениот плен на пријателот и потоа се враќа назад за да продолжи со тепањето. Ова изгледа многу помалку како нешто што човек би го направил и многу повеќе како момент чија цел е Браун да се поврзе со кражбата," коментира Езра.
По ова Вилсон објаснува зошто се решил да го извади пиштолот: 1. ако користи солзавец, од така мала дистанца и тој ќе настрада од него; 2. не носи пиштол на струја; 3. не може да го дофати пендрекот или рачната сијалица; и заради сето ова се решава на пиштолот.
Браун гледа дека Вилсон сака да го извади пиштолот и му враќа "Ти си преголема пичка за да ме застрелаш."
"Пак, застани само за момент и размисли. Браун го удира Вилсон, гледа дека преплашениот полицаец трга да го вади пиштолот, и му вели 'Ти си преголема пичка за да ме застрелаш.' Тој го предизвикува него да пука," сумира Езра во текстот за vox.com.
Тука Браун го фаќа пиштолот на Вилсон и му го врти кон пределот на карлицата. Вилсон некако успева пак да го контролира оружјето и испукува куршум кој минува низ еден од прозорите. Браун се враќа пола чекор назад и кога гледа дека не е повреден, повторно упаѓа преку прозор за да го нападне Вилсон. Вилсон пак пука и тогаш Браун почнува да бега.
Вилсон излегува од кола, и му наредува на Браун да застане и да клекне на земја. Повторно со зборовите на Вилсон:
"Кога застана, се сврте, ме погледна, забревта и потоа го направи најнапнатиот и агресивен израз на лицето што некогаш сум го видел кај човек. Кога ме погледна, тој потоа потскокна... знаете како што прават луѓето кога ќе почнат да трчаат. И потоа почна да трча кон мене. За време на првиот чекор, тој ја стави раката под маица на појас под ластикот. Му наредив да застане. Тој одби. Испукав неколку куршуми (во воздух). Откако ги испукав куршумите, застанав за момент, и повторно му се развикав да клекне на земја, тој се уште беше во истата состојба. Се уште во јуриш, со раката под маица на половината, без воопшто да забави."
Моментот со раката на појасот треба да наведе на тоа дека Вилсон има причина да верува дека Браун може да извади пиштол. Ние знаеме дека Браун немал пиштол.
Тогаш Вилсон повторно пука и го убива Браун.
Покрај сите технички, логички и прашања од чиста физика, Езра објаснува дека главното прашање е многу едноставно: Зошто?
"Зошто Мајкл Браун, 18-годишно дете кое е на пат да стане колеџ студент, одбива да се тргне од сред улица и да оди по тротоар? Зошто би пцуел полицаец? Зошто би нападнал полицаец? Зошто би предизвикувал полицаец да пука во него? Зошто би јуришал на полицаец кој држи оружје во рака? Зошто би ја ставил раката на половина додека трча кон него, иако бил невооружен?
Ништо од ова не одговара со она што го знаеме за Мајкл Браун. Браун не бил закоравен криминалец. Тој немал желба да умре. И иако можеби бил надуван, ова не е начин на кој што реагираат надувани луѓе. Токсиколошкиот извештај не индицира дека тој бил на ПЦП или на нешто што би го довело до самоубиствена агресија.
Но ова не значи дека Вилсон е лажго. Неверојатни работи секој ден се случуваат. Фактот дека неговата приказна создава повеќе прашања отколку што одговара, не значи дека таа не е точна.
Меѓутоа целта на судењето би била да се обиде да ги одговори овие прашања. Ние би откриле дали сето она што го знаме за Браун било неточно, или дали приказната Вилсон била грешна на значителни начини. Ама сега нема да имаме таква шанса. Оставени сме само со неверојатната приказна на Вилсон."