Договорот на Сони како еден од 6-те "официјални партнери" на ФИФА завршува на крајот од годинава. Со одлуката за не продолжување на договорот Сони е вториот спонзор од највисоко ниво кој месецов одлучи да ги прекине врските со ФИФА.
8-годишниот договор на Сони вредеше околу 225 милиони евра. На страна стравот околу негативниот публицитет, дополнителна причина за не обновување на договорот е што компанијата работи на намалување на трошоците додека прави реконструкција на електронската дивизија на компанијата.
ФИФА месецов ја затвори 18-месечната истрага за доделувањето организација на Мундијалите во 2018-та и 2022-ра, кои треба да се одиграат во Русија и Катар. Организацијата објави дека нема откриено никакво прекршување на правилата, ама Блатер и Етичкиот комитет на ФИФА одбиваат да го пуштат во јавност комплетниот извештај од истрагата.