Вести

Филантропија:

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Додека се расфрла со стотици милиони долари за политички кампањи (годинава веќе дал 275 за републикански кандидати), Илон Маск отворено ги презира филантропите. За нив тврди дека прават повеќе штета отколку полза за општеството. А, сепак, Маск ја има петтата најбогата добротворна фондација во САД. И ја користи за претурање пари и даночни олеснувања.

Израелски фирми шпионираат преку онлајн огласи

Бизнисот со онлајн рекламирање, освен што отвора сериозни прашања за нарушување на приватноста, може да послужи и како канал за големи шпионски кампањи. Израелската фирма за дигитално рекламирање помагала да бидат идентификувани и следени корисници кои посетувале одредени страници на интернет или користеле апликации со малициозни реклами.

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Брисел настојува „дигиталниот паричник“ да биде стандард за докажување на идентитет пред банките, иако Европската Унија го претстави како опционален за граѓаните на доброволна опција. Алтернативните проверки и понатаму би биле дозволени, но само како исклучок, кој банката би морала да го оправдува пред надзорен орган.

Речник

Европа, окупиран континент

Европските земји ги поткопуваат своите суштински економски и безбедносни интереси. Потчинетоста кон трансатлантските интереси може да се објасни единствено како вазализација. НАТО не функционира како одбранбена организација, туку како апарат за контрола, а ЕУ како политичко крило на овој империјалистички поредок, забележува Томас Фази во обраќање на форумот Исток-Запад во Истанбул.

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Милијардерот што сака да биде шабан

Со доаѓањето на Кси Џинпинг и неговата политика на скромност, кинеските богаташи се трудат колку е можно повеќе да бидат неупадливи. Меѓу овие не е милијардерот и колекционер на уметности Лиу Јикуиан.

Како да предвидиш избори

Без разлика на формата на предизборната кампања, ставките во неа генерално се исти: говори, дебати, гафови, анкети и последователни анализи и критики на истите. Сето ова треба да ги донесе потребните гласови, освен кога не е така.

Mенувајте ги зимските гуми

На 15-ти март престана обврската за користење зимски гуми ама добар дел од возачите, што заради посакувана заштеда, што поради неинформираност и дубарата со "all season" гуми, продолжуваат да возат со нив. Зошто е тоа погрешно? 

Батали школо, фаќај се за ЈуТјубот

Ќе ти се роди ќерка, ќе ја растеш, ќе ја пазиш, ќе ја учиш, ќе ја образуваш, ќе ја обливаш со љубов, ќе ти биде најважното нешто на светот, и на сето ова ќе дојде момент кога ќе наполни 8 години и ќе почне дома да ти носи по 120.000 долари месечно. Налет.

Заглавен во песна на Том Веитс

Почнува да свири труба. Тажно, ама постои некоја скокотлива енергија под површината. Би можела таа и да те размрда да не беше тука Лорета, проституката со една рака која во моментов куца накај тебе. Фенерот кој го носи ѝ ги осветлува закрвавените очи; те прашува да не треба друштво.

Иднината сепак ќе биде вкусна

Идејата дека во иднина човештвото ќе се прехранува со штурци и скакулци е фикс кај најголем дел од футуролозите. Моментално во САД има 30 стартапи кои работат на комерцијализација на штурците како јадење. Добро е што веројатно нема да бидат во право.

ВИП носорог

Ако си последниот машки претставник од својот род и уште ако тој род е Северен бел носорог, тогаш ти следува вооружена придружба и обезбедување 24 часа на ден.

Кој од нив ќе те врати дома?

Исланд знае како да направи кампања против пиење и возење... и двете вечно да ти се одмилат.

За враќањето данок

Заради комплетно поинаквиот систем, Американците целиот данок го плаќаат еднаш годишно, наместо секој месец да им се крати од плата и слични приходи. На топтан исплатениот данок, тие следната година добиваат и топтан поврат на данок (во просек 3.000 долари). Тоа што државата ти враќа толку пари воопшто не е за радување.

Планета Земја двојката

Истите луѓе што го снима ненадминатиот серијал документарци Планета Земја, со Нетфликс договорија снимање на нова сезона од 8 епизоди. Двојката ќе се вика - Нашата планета.

Како излегоа четири епизоди од Игра на тронови?

Во понеделникот рано наутро околу 3 часот ХБО имаше закажано светска премиера на 5-та сезона од Игра на тронови. Речиси еден ден порано на торент од никаде се појави првата, уште не емитувана, епизода од 5-та сезона, а по неа и следните три епизоди.

Кога Луи прв пат виде пари

Во 2012-та Луи Ц.К. заработи 4,5 милиони долари за помалку од 2 дена откако реши сам да го продуцира и продава својот стендап специјал. Слично постапи и годинава. Ваквото  ризикување со пари е многу поразлично од неговото однесување на почетокот од кариерата.

Плати за вас прекрасни луѓе

Во ретко кога виден ќар од "најновите истражувања покажаа дека," ЦЕО во својата компанија воведува минимална плата од 70 илјади долари откако на интернет чита студија дека парите го прават човекот среќен.

Турски студентски пленум

Илјадници студенти низ Турција протестираат заради најавата дека на нивните универзитети ќе се градат џамии. Немаат тие ништо против самите верски објекти, ако паралелно со нив се изградат и џедајски и будистички храмови.

Како ИД го дробеше Нимруд

Градот и артефактите од 13-от век п.н.е. се уништени по основа дека се "навредливи" и "валкани," и самото чистење на овие остатоци ИД го смета како важен дел од својата мисија и постоење. Тие така искрено ја доживуваат навреденоста на артефактите од други религии што и на видеата од уништувањата сите можни некомпатибилни симболи им се цензурирани.

Кога ќе ти се случи холограм народ

Долниот дом на шпанскиот парламент викендов беше под окупација од 18 илјади демонстранти, кои не излегоа од дома за да протестираат против законот за "граѓанска безбедност". Не е грешка, не излегоа. Сите беа таму како холограм.

Оброкот на шампионите

Ако тргнеме по логиката на Рон Свонсон дека секој човек е 50% кентаур, тогаш сме и 50% професионални спортисти, заради делот со јадењето, не делот со вежбањето.

Кој сака да биде хакнат како Сони?

Моментално на интернет има повеќе илјадници луѓе кои можат која било компанија да ја хакнат со исто ниво на штета како што тоа минатата година му се случи на Сони Пикчрс. Во ова главно ги спречува цената на софтверот потребен за ваквиот потег.

Главо моја, прејди на друг

Како партиска операција, пресадувањето глава е одамна позната и масовно изведувана практика, но, како хируршки зафат за првпат ќе биде изведена во 2017-та година.

Логиката на автомобил од милион долари

Во изминатата деценија речиси секој производител на автомобили (барем тие што се претставуваат како луксузни) извадија модел со 7-цифрена вредност во долари. Како и за се, овие коли се' произведуваат затоа што некој ги купува.

Заклучоците од студирање на 16 милијарди меил пораки

И покрај тоа што електронската пошта како начин на комуникација постои околу две децении, до сега не постои добра претстава за тоа како луѓето ги користат мејловите. Сега има. Базирана на мејлови од 2 милиони корисници кои испратиле над 16 милијарди пораки.

Коста Рика 100% обновлива

Коста Рика успешно ја реализира својата мисија да стане најзелената држава на светот и во досегашниот тек на 2015-та воопшто не користела фосилни горива за производство на енергија.

Ако храната не е здрава, тогаш зошто е вкусна?

Во 80-те кога западниот дел од човештвото го започнува џихадот против дебелината, главен душман се мастите, следни беа јагленхидратите, за денес да дојдеме до шеќерот. Следен на листата ќе биде глутенот. И ништо од ова до сега не помогна да се сопре ширењето на дебелината.

Русија забрани мемиња?

Проширувањето на еден закон технички им забранува на веб страните да исмејуваат кого било во Русија. Од овие сите, руската влада би ја интересирале само тие што би исмејувале познати личности (вклучително политичари).