Од 538 објаснуваат дека државата само ти ги враќа парите кои цело време биле твои.
"Да добиеш повраток на данок значи дека минатата година си платил премногу за даноци и сега државата ти ги враќа овие пари - без да ти плати камата. Од друга страна, луѓето кои ќе платат помалку данок, парите ќе треба да ги надоместат со камата, а најверојатно ќе треба да платат и казна," објаснуваат од 538.
Тие изработуваат и калкулатор за тоа "колку твои пари си и позајмил на државата без камата." Според него, ако овие 3.000 долари си ги ставил во банка наместо година дена да ти ги врти државата, ќе имаш ќар од 1 долар (пред се затоа што каматните стапки моментално се радикално ниски). Ако парите си ги инвестирал во акции на топ 500-те компании, ќарот е 239 долари. Третата опција е сумата да ја поделиш на 12 месечни рати, и секој месец по 250 долари да отплаќаш (или да ставаш) на сметка, со што за една година заштедуваш околу 330 долари на потенцијални камати.
"Најголемиот дел од Американците немаат проблем со позајмување на своите пари на државата без камата. Истражувањето на Банкрејт открива дека 57% од испитаниците сакале да добијат повраток на данок, наспроти 27% кои се надевале дека ниту ќе должат пари, ниту ќе треба да им се враќа," пишуваат Бен Кеселман и Рубен Фишер-Баум за 538.