Новиот закон воведува 45 нови потенцијални прекршоци меѓу кои е забраната за одредени форми на протести, како собирање пред Парламентот, казни до 30.000 евра за ширење на "недозволени" фотографии од полицијата и носење качулки за време на протести. Новиот закон почнува да важи од 1-ви јули.
Идејата со холограмите е на групата No Somos Delito (Ние не сме криминал), а симболиката е како би изгледале протестите ако се донесе законот. Моментално околу 82% од популацијата се против него.
Во претходните недели групата бараше поддршка од граѓаните да се приклучат кон каузата снимајќи се себе си на веб-камера. Потоа овие снимки беа претворени во холограм и додадени на протестот.
"Нашиот протест со холограмите е иронија. Со ограничувањето страдаа нашата слобода за здружување и мирен протест, последната опција што ќе ни биде оставена е да демонстрираме преку нашите холограми," изјавил портпаролот на групата за Ел Мундо.