Видеото што се појави деновиве е потврда на соопштението на ирачките власти од пред еден месец, дека светот го изгубил 3.000 години стариот град (инаку споменик на УНЕСКО).
Со време, и тогаш веројатно со многу гнев од ирачките власти, мал дел од остатоците од Нимруд има во МЕТ во Њујорк, во Британскиот Музеј во Лондон и во Лувр. Сите од овие имаат посебни соби посветени на античкиот град.
Праксата на ИД е да продаде се што може од археолошките наоѓалишта, што е и втор по големина извор на приходи за организацијата по продажбата на нафта. Се она што не може да се продаде или воопшто да се мрдне од локацијата му следува уништување.
Продажбата и уништувањето на артефакти посебно им тргна на ИД по освојувањето на Мосул, кога добија пристап до околу 2.000 археолошки локации, вклучително и Нимруд. За сега на ништо му немаат простено и крајно систематски го чистат регионот, од центарот на Мосул кон надвор.
Уништувањето на артефактите оди во два дела. Прво рачно (со соодветна рачна механизација) кога се можно се дроби за не дај Боже некогаш да не биде спасено, а во случај да се работи за објект на ред доаѓа вториот дел односно поставување експлозив, кој треба се' да срамни со земја.
Во Нимруд тоа изгледаше вака: